ул. Мирослав Крлежа бр. 51-2/4 1000 Скопје Република Македонија contact@kks.org.mk +389 (0)70 268 608

Манастир Св 40 маченици во Севастија “(Младенци), с. Орман, Општина Ѓорче Петров

Иако црквата посветена на Св. 40 маченици во Севастија “(Младенци) е една од ретките цркви посветна на овој христијански празник, е ново изградена, таа се наоѓа на постаро култно место.

Имено, овој простор се користел за погребување уште во доцната антика, а во јужниот дел од манастирскиот двор уште пред Втората светска војна е пронајдена мала засводена гробница со ориентација запад – исток. Гробницата за жал била ограбена уште во антиката, при што е уништен нејзиниот западен ѕид.

За традицијата на ова место сведочи фактот што на ова место се одржува познатиот пагански обичај на Денот на змијата.

Покрај црквата посветена на Св. 40 маченици во Севастија во склопот на манастирот влегуваат и помошни објекти и трпезарија, а просторот е уреден со поддршка од Општина Ѓорче Петров.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука

Виртуелна прошетка на Манастирот Св. Ѓорѓи, с. Кучково, општина Ѓорче Петров

Црквата посветена на Св. Ѓорѓи се верува дека била изградена во 1346 година, но за жал низ вековите била целосно запуштена, што довело до нејзнито уништување.

Во основа црквата е еднокорабна со мала тространа апсида и нартекс на чиј јужен ѕид се наоѓа и влезот. Била градена од обработен и кршен камен врзан со малтер. Оригиналниот кров на црквата бил целосно уништен. Кон крајот на XX век, црквата и манастирскиот комплекс биле обновени, кога биле изградени камбанаријата, конаците, библиотеката и другите помошни објекти.

DCIM106MEDIADJI_0137.JPG

Иконостасот во црквата бил изработен од страна на Петре Камењарката од село Лесново. Иконостадот е од делкан камен и е еден од ретките од тој вид во Скопско и околината на Скопје. Фреските во манастирската црква биле обновени од Петре Велешанецот со неговата тајфа.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука

Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Татиќев камен (Кокино), с. Кокино

Татиќев камен се наоѓа на неовулкански рид, оформен од стврднување на лава која се изливала од вулкански кратер. Со текот на времето со ерозија на ридот се формирале процепи низ кои на т.н. маркери се следеле циклусите на сонцето (краткоденицата, рамноденицата и долгоденицата) и месечината (максимална и мининална деклинација на месечината во лето и максимална и мининална деклинација на месечината во зима).

Локалитетот се простира на повеќе зарамнети платформи, горна платформа, долна платформа со т.н. камени престоли, кружна или астрономска платформа и северна тераса. На северната страна на локалитетот е пронајден и т.н. ограден ѕид широк 1,2 метри.

Археолошките истражувања на локалитетот се започнати во 2001ва година при што се пронајдени голем број на обредни јами, кружни камени конструкции, како и движен материјал кој укажива на култни активности на овој простор. Движниот материјал пронајден при археолошките ископувања е датиран во Бронзеното време од 2000 гпне до 1200 гпне, па се до железното време околу 800 гпне. Пронајдени биле бронзено копје, керамички сад от типот “ламба”, калапи за лиење на бронзени копчиња, бронзен висулец и врв од стрела, инка за изливање на течности, рачна камена мелница, голем број на керамички фигурини и голем број на керамички садови. Трагите од горење укажуваат обредни церемонии на кои се палеле обредни огнови, кои веројатно придружувани со гозби. Тоа укажува дека локалитетот бил користен во долг временски период за што некои научници Татиќев камен го нарекуваат и света планина.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука

Изложба Аудиовизуелно наследство во Македонија, фотографии и плакати од филмови“ по повод 27 Октомври, Ден на светското аудиовизуелно наследство

27 октомври е светскиот ден на аудиовизуелното наследство востановен во чест на донесување на Препораката за заштита и зачувување на подвижните слики од страна на 21-то генерално собрание на УНЕСКО во 1980 година.

По тој повод и благодарение на тематскиот конкурс во делот на културата на општина Центар, здружението за заштита и промоција на културното наследство Концепт за култура Скопје по проект од конкурсот и со финансиска поддршка од општина Центар подготви  изложба „Аудиовизуелно наследство во Македонија, фотографии и плакати од филмови“, со која се приклучуваме кон одбележување на денот на аудиовизуелното наследство. Со  избрани фотографии од браќата Манаки потсетуваме дека првите фотографии,  првите подвижни слики и првата камера во Македонија па и на Балканот се дела на браќата Манаки, а со  плакати на играни македонски филмови од 20 век   јавноста ќе  се запознае со дел од историјата , на македонскиот филм.

Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Хераклеа Линкестис

Jужниот дел од Пелагониската Рамнина во античко време наречен Линкестида, како цивилизациски центар со длабоки корени ќе биде примамлив за многу освојувачи коишто со мечот ја кроеле историјата во овој дел од светот. Во ова стратешки привлечно парче земја значајно место зазема древниот град Хераклеја.

Еден од изворите којшто содржи навестување кога е создаден градот Хераклеја е Демостен (првиот говор против Филип 351/2 год. пр. н.е.), човекот кој ревносно ја бранеше независноста на Атина, атинската демократија и слободата на Грција од македонскиот империјализам. Толкувајќи ги зборовите на Демостен и имајќи ја предвид воинствената и неуморна активност на Филип II, се верува дека градот Хераклеја го основал токму тој како стратешки центар на северозападната граница од македонската област Линкестида. Фактот што овој град е именуван со името Хераклеја не е ни малку чудно, затоа што македонските кралеви судбински предодредени со голема моќ, тврделе дека нивниот род потекнува од Херакле.

Археолошките наоди покажуваат дека животот во Хераклеја започнал на врвот од ритчето, како стратешки центар на Филип II. Зародишот на градот ќе го одбележи подигањето на тврдината која зафаќа површина од 1.5 до 2 ха. Позицијата на населбата првенствено е избрана поради доминантната положба и прегледот над околниот терен, што било значајно во немирните времиња и честите борби со Илирите. Покрај станбени слоеви, грнчарија и монети на северната и на североисточната падина од акрополот, откопани се и неколку гробови со наоди од доцномакедонско-хеленистичкиот период.

Во римскиот период градот полека се оформува кон јужната и источната сончева падина на ритчето до брегот на рекичката Сива Вода, со утврден ареал кој опфаќал површина од 7.5 ха, додека во рановизантискиот период источниот дел од градот бил напуштен, а површината која ја обиколува внатрешниот бедем во тоа време била намалена и изнесувала 5 ха.

Просперитетот на градот го овозможиле двете балкански магистрали: Виа Егнатија, која го поврзувала Рим со Анадолија и Дијагоналниот пат, како најкратка врска на Рим со Дунав и Дакија.

Откако Македонија станала римска провинција, пред сè, за свои потреби, Римјаните градат патишта, утврдуваат градови и други градби, со што и Хераклеја добива римска физиономија. Бројни Римјани се доселуваат, како заради потребата за администрирање на провинцијата така и заради користење на нејзините ресурси. Епиграфските споменици го потврдуваат со жителството на доселениците од јужноиталските и ориенталните провинции со хераклејскиот граѓанин. Ова е периодот во кој Хераклеја заради своето архитектонско наследство ќе биде запаметена како вистински бисер на римската архитектура. Сепак, колку и да била градена според строгите канони на градежништвото на големата Империја, традиционалните влија нија оставале длабоки и неизбришливи траги.

Со нападите на аваро-словенските орди во текот на VI век градот потонал во сиромаштија, а урбаниот живот на градот во голема мера згаснал. Всушност, 550/551 год. го донела првото значајно задржување на Словените на Балканот. Според Прокопиј, големо мноштво од Словените направиле неописливи злосторства. Потоа големата словенска инвазија во осумдесетите години на VI век до темел ја разниша византиската власт на Балканот, посебно неговите јужни делови. Повеќе од три години Словените ги ограбувале и ги пустошеле Македонија и Тракија, а во 584 година го организирале и првиот напад на Солун. Опсадата од 5000 Словени претрпела неуспех. Есента 586 година презеле нов напад, но овојпат во заедница со Аварите. Сите овие превирања не ја заобиколија ниту Хераклеја.

Влегувајќи во периодот на средниот век, градот Хераклеја и неговата околина веќе имале долга историја. За овој период добиваме информации претежно од црковната историја. Во IX век во еден список на епархии кои биле потчинети на Цариградската патријаршија се наведу ва името Хераклејски, веројатно титула што ја носеле сите епископи од Хераклеја. Во XII век се споменува името на покорниот епископ Герасим од Хераклеја. Со исклучок на погоре наведените записи за средновековниот живот во Хераклеја, постојат и материјални потвр ди, а тоа е средновековната некропола кај Базиликата Д. Станува збор за гробови т.н. типови на редови, а посебно интересно е тоа што меѓу редовите се насетуваат неколку помали формации кои најверојатно припаѓале на семејни целини. Сите оние кои што минувале низ пелагонискиот крај оставале по некоја трага од својата материјална култура и си заминувале. Единствено Словените (Брсјаци) успеале трајно да се колонизираат во овој реон и да им се наметнат на староседелците, како и да основаат своја населба на падината на месноста Бора Кале, околу горниот тек на реката Драгор, која благодарение на природните услови се развила во средновековен град.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука

Виртуелна прошетка на Црквата Св. Никола Болнички во Охрид

Црквата Св. Никола Болнички е изградена во период од 1330 – 1340 година од непознат ктитор. Црквата е мала еднокорабна градба засводена со полукружен свод, а била изградена од кршен камен со декорација изведена од тули околу кровната партија. На нејзината западна страна се наоѓа камбанарија во форма на „фурка“ која е единствена во Македонија, а е карактеристична за приморските цркви на Јадранот. Во XV-от век е доградена мала капела на југ, за која се претпоставува дека е ктиторство на Марко Ксилокаравис, охридски архиепископ и поранешен цариградски патријарх, денес е сочувана само источната апсида. Подоцна на западната и јужната страна на црквата е дограден затворен трем со што ја добива денешната форма.

Фрескопживописот во внатрешноста на црквата, кој е целосно зачуван, потекува од времето на градењето на црквата во периодот од 1330 – 1340 година.  

Околу 1345 година е насликана јужната фасада на која се преставени српскиот владетел Стефан Душан со неговата жена Елена, синот Урош, како и нивните предци св. Сава и св. Симеон Немања.

Во апсидалнот дел на капелата зачувана е дел со претставата ,,Причестувањето на апостолите”. Западната фасада е насликана во 1480/1 година, а насликани се сцени посветени на Исус Христос, Св. Богородица и Св. Никола.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука

Виртуелна прошетка на Карпински манастир – Воведение на Пресвета Богородица, с. Орах, Општина Старо Нагоричане

Каринскиот манастир и црквата Воведение на Пресвета Богородица се наоѓат на 5 км од регионалниот пат Куманово – Крива Паланка во атарот на селото Орах, Општина Старо Нагоричане.

За манстирот во својата книга “Материјали по изучувањето на Македонија” од 1896 година,  Ѓорче Петров напишал дека според преданијата манастирот е стар повеќе од 1.000 години. За време на владеењето на османлиите манастирот запустел 4 пати од пожари и угнетување, додека најпосле, точно не познато кога, манастирот бил присвоен од кратовскиот бег Ахнед Чалма, кој што во црквата ги чувал своите кози. Околните селаните го откупупиле манстирот собрајќи го целиот сребрен накит на своите жени.

Се смета дека манастирот е основан во XIV  век од страна на севастократорот Дејан, зат на српскиот цар Стефан Душан, а за првпат се споменува во 1592 година, кога било напишано Карпинското евангелие, за кое во една преписка се кажува дека тоа е напишано во Карпински манастирот, во храм Воведение на Пресвета Богородица, во лето 1592 од страна на еромонахот Јоаникие. Денешниот изглед манастирот го добива во XVI – XVII век, а бил обновен кој крајот на XIX век.

Манстирскта црква посветена на Воведение на Пресвета Богородица е во форма на триконхос, а подоцна на западниот дел е доградена издолжена припрата.

Црквата има два слоја на фрескоживопис, првиот од 1592 година, а вториот од 1893 година.

На дрвениот иконостас е со скромен изглед се поставени мајсторски изработените икони, меѓу кои се осумте празнични икони од крајот на 16 век и почетокот на 17 век. Во XVI век во манстирот живееле на 300 калуѓери, а покрај тоа што важел за културен и духовен центар во регионот, бил значаен книжевен и скипторски центар чиј најзначајни книжевски дела се Карпинското евангелие и Апостол со ирмологиум, кои сега се наоѓаат во Москва.. Во 1745 година во манастирот Карпино дошол еромонахот Стефан, запишано од ерејот Стојко од Нагоричино, додека од друга рака е запишано дека света книга пеел поп (папа) Димитрија од село Врбен во Дебарска каза. Карпинскиот триод денес се чува во Софиската народна библиотека.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука

Виртуелна прошетка на црквата Св. Андреја – Матка

Манастирската црква, Св. Андреја бил изградена кон крајот на XIV век, односно во 1388/1389 година, во кризни, турболентни историски околности, непосредно пред и за време на Косовската битка (1389) а пред освојувањето на Скопје од страна на Османслиското Царство (1392).

Била изграден на мошне безбедно и тешко пристапно место во карпестиот теснец Матка, високо над коритото на реката Треска, на зарамнет простор на левиот речен брег, на подрачје кое било под власт на кралот Марко (1371-1395) и спаѓало во пограничната зона на тогашната Маркова држава, а му припаѓало на принцот Андреаш, вториот син на крал Волкашин (1365-1371) и кралицата Елена, брат на кралот Марко.

Св. Андреја – Матка, од гледна точка на нејзината архитектура, претставува пример на доцновизантиско градителство, сублимат на идејни решенија на една подолга градителска традиција а истовремено и сакрална градба со локални обележја. Таа е релативно мала по своите димензии, комбинација на триконхален план и на крстообразно решение. Северната и јужната конха всушност се апсиди што ја имаат намената на певници, а третата конха на источната страна е олтарна апсида, однадвор петострана. Над централниот простор се издигнува купола поставена на пандантифи.

Живописот во црквата е насликан во три зони, а на натписот, северно од олтарната конха, испишани се имињата на зографите: митрополит Јован, зограф и монахот Григорие. Во поткуполниот простор биле насликани Големите празници кои се доста оштетени. Под Големите празници е насликан циклусот на Христовите маки и страдања. Во долната зона се насликани светители и свети воини во цел раст во долната зона над кои се насликани допојани престави на светители. Во конхата на апсидата е преставена Богородица со Христос седната на престол со пар ангели.

Според натписот на источниот ѕид кон манастирската црква при крајот на XIV век (1559/1560 година) била доградена припрата е со правоаголна основа и полукружен свод, без декорација на фасадите и без некои посебни архитектонски вредности. Од исто време потекнува фреско-живопис делумно зачуваниот во нартексот на нејзниот источен ѕид кој ги манифестира какартеристиките на поствизантиската епоха, а се одликува и со извесна монументалност, што не е специфично за сликарството од XVI век. Сликарството во припратата ги нема ликовните вредности на тоа во наосот од крајот на XIV век. Манстирската цркава во 1968-ма година е прогласена за споменик на културата, а  во 2018 е прогласен за културно наследство од особено значење.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука

Св. Никола, с. Љуботен, општина Бутел

Црквата Св. Никола, с. Љуботен се наоѓа на 14 км. од центарот на Скопје на падините на Скопска Црна Гора за која Ѓорче Петров напишал: надвор од селото Љуботен на видно место има стара но убава црква, која се гледа дури и од Скопје, која според натписот над нејзината врата таа била изградена од царот Стефан Душан.

Според натписот врежан во камената плоча, поставена над западната влезна врата, црквата била изградена во 1337 година од страна на непознатата властелинка, ктиторката Даница.

Црквата има правоаголна форма со впишан крст, со осмоаголна купола во средишниот дел која се потпира на четири квадратни столбови и петострана аписда украсена со слепи ниши на источниот дел. Градена е од обработен камен и тули поставени во редови во наосот и во форма на крстови и шаховски полиња во горните делови на апсидата. Фасадата ја украсуваат и слепи ниши поставени на сите ѕидови и на апсидата.

Фрескоживописот е датиран во времето на градењето на црквата, а живописан е од страна на непознат, но мошне талентиран зограф за кој се смета дека потекнува од охридската школа.

Црквата во подолг период била напуштена при што страдал горниот дел од живописот. Во еден период црквата од страна на месното население била користена како штала за добиток, а во последно време е често ограбувана.  Во периодот од 2006 до 2017 година, фрескоживописот во црквата бил реставриран и конзервиран, а при реконструкција на црквата бил пронајден жртвеник со латински натпис, посветен на богот Либер. До црквата се наоѓа повеќевековно дабово дрво, кое според месното предание било оштетено од мештанин од муслиманска вероисповед, и на него сѐ уште се познаваат траги од обидот за сечење.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука

Виртуелна прошетка на црквата Св. Никола Топлички, с. Бабино, општина Демир Хисар

Црквата Св. Никола, позната како Топлички манастир се наоѓа во атарот на с. Бабино, на 2 км. од регионалниот пат Битола – Кичево. Во минатото Топличкиот манастир бил не само религиозен, туки и книжевен и културно просветен центар во кој покрај црквата постоеле и конаци, библиотека и училиште кои за жал се одамна уништени.

Најстарите остатоци од религиозен карактер на просторот на Топличкиот манастир, утврдени со архолошки истражувања докажуваат постоење на ранохристијанска базилика од V-VI век, чии остатоци биле искористени како темели за подоцнежните градби. Во XIV век била изградена црква, која била срушена во XVI век, а зачуван е само западниот ѕид. Набргу по рушењето, според ктиторскиот натпис, црквата била повторно изградена и живописана во време на игуменот и еромонах Павнутие кој бил потпомогнат од Кир Димитар Пепиќ, кој бил кратовски кнез.

Топличкиот манастиор во XVI век прераснал не само во религиозен, туку и книжевен и културно просветен центар во кој се развивала книжевана, прешувачка и преведувачка дејност. Од манастирските конаци кои постоеле до XIX век, се наоѓале на јужната, западната и северната страна се зачувани само темелите.

Црквата има базиликална форма со припрата на западната страна и два правоаголни параклиса кои била доѕидани на јужната и северната страна.

Постариот живописот зачуван на западниот ѕид на црквата потекнува од крајот на XIV или почетокот на XV век, а по изградбата на новата црква во периодот помеѓу 1534/35 и 1537/38 година бил насликан живописот и тоа во наосот од страна на зографот Димитар од с. Леуново (Мавровско) , а во припрата од страна на Јован од Грамоста, кои ги носат карактеристики на сликарството за време на Османлискиот период. Иако мала по димензии, црквата Св. Никола е украсена со голем број на композиции од Големите празници, Христовите маки и страдања,  Христовите чуда и параболи, Апокрифниот живот на Св. Богородица, Житието на Св. Никола, како и поединечни стоечки и допојасни престави на светители.

За жал, денес црквата е запуштена и во лоша состојба како последица од минирањето од блискиот каменолом.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука