Археолошкиот локалитет Вардарски рид преставува повеќеслојна населба од неолитот, доцното бронзено време, железното време и античкиот период. Се претпоставува дека оваа античка населба е античкиот град Гортинија.
Ротондата е една од ретките ротонди во Југоисточна Европа. Припаѓа на објектите со централно решение и купола. Изграден е во правоаголник, во кој била испишана кружната основа на централниот дел, над која се издигала купола.
Царевите кули се наоѓаат на доминантна положба јужно од градот Струмица, на просечна надморска височина од околу 450 м. и претставуваат нем сведок на епохите кои ги одбележиле историските случувања на овие простори. Тврдината има издолжена овална основа и се протега 210 м во насока исток-запад и околу 80 м во насока север-југ.
Античкиот театар во Охрид бил изграден кон крајот на III или почетокот на II век п.н.е. во периодот на доцниот хеленизам и бил наменет за прикажување на драмски, музички и поетски претстави на љубителите на театарската уметност.
Марковите кули се наоѓаат на северната периферија на градот Прилеп. Во 2006 година Марковите кули се прогласени за споменик на природата.
Најстарите траги од користењето на овој простор се поврзуваат со времето на доцниот енеолит, кога на горните делови од ридот Маркови Кули егзистирала помала неутврдена населба, а на северните падини од возвишението Чардак се откриени остатоци од станбен објект лоциран во внатрешноста на една помала пештера.
Во најстарите извори кај Полибиј, во кои за прв пат се споменува античкото име на Охридското Езеро, се укажува на фактот дека при првата воена акција на овие простори, македонскиот крал Филип II наредил да се изгради утврдување на ридот над езерото, додека најстариот историски податок за градот Лихнид (античкото име на Охрид) и самата тврдина потекнува од античкиот историчар Ливиј, од 209 година п.н.е., каде се говори дека тврдината веќе била изградена и функционирала во сите пресудни моменти од историјата на градот.
Скопската тврдина Кале се наоѓа на левиот брег на реката Вардар од каде доминира над центарот на Скопје. Со археолошките истражувања на тврдината утврдени се населби од раниот енеолит, раното и средното бронзено време, преоднит период од бронзениот… Read More
Археолошките наоди укажуваат на континуиран живот на просторот на идниот град Скупи и непосредната околина во бронзеното и железното време – од 12 до 6 век п.н.е. Според историските извори, Дарданците продираат и го населуваат регионот на Скопската… Read More
Античкиот Таорисум се наоѓа на источната периферија на денешното село Таор. Античкиот Таорисиум е родното место на Византијскиот имепратор Јустинијан I и Теодахад крал на Остроготите. Градот бил населен во IV век, бил уништен во земјотресот од 518… Read More
Last Updated: 27.10.2024 by kks.org.mk
Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Хераклеа Линкестис
Jужниот дел од Пелагониската Рамнина во античко време наречен Линкестида, како цивилизациски центар со длабоки корени ќе биде примамлив за многу освојувачи коишто со мечот ја кроеле историјата во овој дел од светот. Во ова стратешки привлечно парче… Read More