ул. Мирослав Крлежа бр. 51-2/4 1000 Скопје Република Македонијаcontact@kks.org.mk +389 (0)70 268 608
Проект Изложба со фотографии од културно-историските споменици во општина Македонски Брод
Општина Македонски Брод, а тука вклучувајки го и Поречето како географска целина иако изобилува со културно-исторски споменици, за времена на СФРЈ и по осамостојувањето, во многу мала мера е работено на промоција на историското и културното наследство на регионот.
Проектот изложба со фотографии од културно-историски споменици, осносно на историските споменици и недвижното културно наследство на територијата на општина Македонски Брод ќе се реализира во рамките на проектите од национален интерес на Министерството за култура со приоритет презентација и популаризација на културното наследство. Спомениците од овој проект се наоѓаат на територија на општина Македонски Брод и во нив влегуваат манастири, цркви изградени во различни периоди од кои има и такви што според податоците се изградени во 13-14 век. Исто така во проектот би влегле и историски споменици, спомен плочи, спомен чешми посветени на личности и настани од историското и културното минато на оваа област.
Изложбата ќе се отвори на 07 септември по повод денот на ослободување на Македонски Брод и ќе претставува дополнување на содржините за одбележување на празникот на градот. Изложбата ќе биде организирана во простории на ОУ Дом на културата – Македонски Брод во Македонски Брод.
Преку изложба на кој ќе биде презентирано историското и културното наследство со цел запознавање на жителите од општината. Воедно со тоа ќе се постигне и подигнување на свеста за оддржување на културното наследство, зголемување на интересот за можно влијание и во туристички развој на оваа област од аспект на историската и културната понуда на општината и регионот.

Последни новости
Категории