ул. Мирослав Крлежа бр. 51-2/4 1000 Скопје Република Македонија contact@kks.org.mk +389 (0)70 268 608

Виртуелна прошетка на Црквата Св. Никола Болнички во Охрид

Црквата Св. Никола Болнички е изградена во период од 1330 – 1340 година од непознат ктитор. Црквата е мала еднокорабна градба засводена со полукружен свод, а била изградена од кршен камен со декорација изведена од тули околу кровната партија. На нејзината западна страна се наоѓа камбанарија во форма на „фурка“ која е единствена во Македонија, а е карактеристична за приморските цркви на Јадранот. Во XV-от век е доградена мала капела на југ, за која се претпоставува дека е ктиторство на Марко Ксилокаравис, охридски архиепископ и поранешен цариградски патријарх, денес е сочувана само источната апсида. Подоцна на западната и јужната страна на црквата е дограден затворен трем со што ја добива денешната форма.

Фрескопживописот во внатрешноста на црквата, кој е целосно зачуван, потекува од времето на градењето на црквата во периодот од 1330 – 1340 година.  

Околу 1345 година е насликана јужната фасада на која се преставени српскиот владетел Стефан Душан со неговата жена Елена, синот Урош, како и нивните предци св. Сава и св. Симеон Немања.

Во апсидалнот дел на капелата зачувана е дел со претставата ,,Причестувањето на апостолите”. Западната фасада е насликана во 1480/1 година, а насликани се сцени посветени на Исус Христос, Св. Богородица и Св. Никола.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *