Самиот манастир е изграден врз античка населба, во непосредна близина на манастирот се наоѓа ранохристијанска базилка од V-VI век, а при археолошките истражувања во манастирот е пронајден бакарен крст, енколпион, од X век. Сето тоа сведочи дека Манастирот Зрзе претставува еден од најзначајните култни простори во Македонија.
Манастирот со црквата Св. Преображение или Св. Спас како што се споменува во некои натписи од средината на XIV, па сè до XIX век е активно монашко жариште.
Според натписот откриен над јужната врата од надворешната страна (испишан околу 1400 г.), основач на најстарата еднокорабна црква од денешниот комплекс е монахот Герман во времето на царот Душан (околу 1346- 1355 г.). Во 1368/69 ктиторското право било предадено од страна на митрополитот Јован и јеромонахот Макариј, внуците на монахот Греман, на кметот Константин и неговите синови Јаков, Калојан и Димитар.
Фрагментите од првобитниот фреско-живопис, зачувани се само во најниската зона на олтарот.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 20.05.2024 by kks.org.mk
Виртуелна прошетка на црквата Св. Преображение, с. Зрзе, Општина Долнени
Самиот манастир е изграден врз античка населба, во непосредна близина на манастирот се наоѓа ранохристијанска базилка од V-VI век, а при археолошките истражувања во манастирот е пронајден бакарен крст, енколпион, од X век. Сето тоа сведочи дека Манастирот Зрзе претставува еден од најзначајните култни простори во Македонија.
Манастирот со црквата Св. Преображение или Св. Спас како што се споменува во некои натписи од средината на XIV, па сè до XIX век е активно монашко жариште.
Според натписот откриен над јужната врата од надворешната страна (испишан околу 1400 г.), основач на најстарата еднокорабна црква од денешниот комплекс е монахот Герман во времето на царот Душан (околу 1346- 1355 г.). Во 1368/69 ктиторското право било предадено од страна на митрополитот Јован и јеромонахот Макариј, внуците на монахот Греман, на кметот Константин и неговите синови Јаков, Калојан и Димитар.
Фрагментите од првобитниот фреско-живопис, зачувани се само во најниската зона на олтарот.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Category: Виртуелни прошетки, Новости, Цркви и манастири
Последни новости
Категории