Виртуелна прошетка на Неолитска населба Тумба Маџари
Првите археолошки истражувања се извршени во 1978 година, а резултатите покажале дека се работи за населба од неолит со три фази на живеење. Најстарите археолошки наоди откриени на Тумба потекнуваат од крајот на раниот неолит. Тој е документиран и претставен со повеќе керамички фрагменти сликани со бела боја и една женска статуетка со стеатопигија. Најголемиот дел од артефактите и археолошките податоци се од средниот неолит. Во тој период населбата го доживеала својот најголем економски и културен развој. Крајот на животот населбата е во почетокот на доцниот неолит, евидентиран со мал број предмети, меѓу кои е една минијатурна статуетка со птичјо лице, доцнонеолитскиот слој на Тумба отсуствува.
Куќите се градени со традиционален начин својствен за сите земјоделски цивилизации. Ѕидовите на куќите се градени така што најпрво се набивале колци во земјата, меѓу нив се плетеле гранки и се мачкало кал измешана со плева. Од внатрешната страна вертикално се редени цепени дрва – штици, така што вертикалните колци останувале надвор. Ѕидовите биле обложувани со дебел слој лепеж од кал и плева до 0.15 m. Ова премачкување било обновувано секоја сезона. Така куќата имала добра термичка изолација. Внатрешната страна била убаво замазнета, а надворешната имала и апликации од втиснувања од прсти или брановидни црти. На некои остатоци се откриени и траги од бела боја. Покривот на куќата бил на две води, изграден од дрвена конструкција и слој од слама ’ржаница, трска или шамак, поставен на вертикални греди со чатали поставени на аглите и средината на ѕидовите од нивната надворешна страна. Куќите можеле да имаат и повеќе од една печка која била подигната на масивна платформа од кал, со многу камен и керамика во средината. На аглите и во средината имале нозе моделирани во глина, споени со благ лак меѓу себе. Калотата можела да биде декорирана со венец висок до 10 cm.
На археолошкиот локалитет пронајдени се голем број на керамички садови. Тоа се разни ќупови, питоси со украсени со барботин техника (налепки од разредена глина) што асоцира на кора од дрво. Садовите на стомакот се украсувани со врежувања од прсти, додека рамото и вратот се замазнети и назначени/одделени од стомакот со пластична лента од втиснати прсти. Особено убава форма имаат аскосите, со различни големини: мали од 1 l до големи од 7-8 l. Имаат 4 вертикални држалки на стомакот и една на грбот. Низ нив се провнувало јаже и потоа се ставале на грб за полесно да се носат. Служеле за носење и чување чиста вода за пиење од некој близок извор или поток.
Друга група садови со особена убавина, од категоријата луксузна керамика, се и едноставните ѕвонести пехари на мала конусна нога, украсени со сликани кафеави спирали или вертикални висечки триаголници, честопати шрафирани или само коси паралелни линини изведени со бледа црвена боја како и лејкести „амфори“ сликани со темнокафени или кафеави орнаменти на бледа окер боја. Посебна група садови се топчести грниња украсени со импресо врежувања од нокти или остри предмети пред печењето. Некои од грнињата се укарсени со т.н. организирна или неорганизирана барботин техника или аркаден, со рамни или малку разлеани венци и со рамни ненагласени дна.
Тоа што ја прави Тумба-Маџари позната, е за првпат откриената теракотна скулптурна претстава на Големата Мајка. Со своите импресивни димензии од 0.39 m висина, класичната смирена поза на изникнување од куќата, воедно и бдеење над нејзиното огниште, мир и благосостојба, ја прави оваа теракота ексклузивна. На цилиндерот над очите со кафеава боја (идентична со бојата од сликаната керамика) е нанесена коса во вид на шишки. На задниот дел е пластично прикажана и собрана. Во подоцнежните истражувања се откриени и други цели или фрагменти од цилиндрите и куќата со различни димензии и ликовни претстави на фризурите. Некои се со афро, други само нагласени со врежување, исплетени во разни плетенки, па собрани во убави фризури фатени со игла и др. Разновидноста на фризурите укажува на извонредно богатата мода на неолитската жена и нејзиното значење во општеството на Тумба-Маџари. Главата и градите се прикажани цилиндрично, моделирани околу едно дрво што се гледа по отисоците на речиси сите примероци. Стомакот на жената-куќа е со неправилна коцкеста форма, со неколку различни отвори.
Посебна категорија предмети од Тумба се и жртвениците од т.н. тип масичка. Нивниот концепт е еден реципиент (мало сатче) поставено на четвртеста масичка со мали ниски нозе, честопати декорирани со врежани линии, висечки триаголници и др.
Покрај антропоморфните претстави, во археолошките истражувања се откриени и многу зооморфни жртвеници, кои, исто така, говорат за духовниот живот на неолитскиот човек. Тоа се најчесто претстави на домашни животни.
Во археолошките истражувања се пронајдени поголем број предмети од категоријата накит. Најчести се амулетите изработени од еден плоскат дисковиден речен камен, продупчен со две конусни дупчиња за ставање кожена врвка за носење на врат. За ваквата намена укажуват повеќе примери на керамички статуетки и жртвеникот Големата мајка од Говрлево. На нејзиниот грб овој амулет е прикажан многу пластично и убаво. Покрај овие, откриени се повеќе фрагменти од коскени белезици, како што се прикажани на рацете на Големата Мајка. Исто така, отриени се поголем број биконусни и цилиндрични коскени мониста од ѓердани. Оваа категорија украсни предмети укажува на китењето на неолитскиот човек и желбата да изгледа поубаво.
Откриени се голем број алатките со кои се служел неолитскиот човек изработени од животински коски. Најчесто тоа се игли, шпатули, шила, глодалки, јадици и др. Кремената индустрија е застапена со разни кремени ножиња добиени со цепење и потоа страните се доработувани. Од камен се правеле авани, толчници и мелници. Неолитската култура ја карактеризира мазнењето на камените алатки: тесли, длета, клинови, мотики, чекани, топузи и др. Мазнењето се вршело на помек камен со вода за да се постигне пофина површина. Најголемиот дел на алатките имаат трапезоидна форма, а сечилото е од едната страна е измазнето (слично како предните заби кај човекот). Мотиките и секирите, освен клиновите, се насадувале на рог кој лесно се продупчувал за да се стави држалка.
Исто така, во Тумба се откриени и други археолоки предмети: рогови од елен, керамички пинтадери (печати), разни семки од дива маслина, слатководни школки и антрополошки и зоолошки остеолошки остатоци. Еден печат пинтадера е изработен од теракота со врежани аглести линии.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Leave a Comment
Last Updated: 07.10.2026 by kks.org.mk

Category: Археолошки локалитети, Виртуелни прошетки, Новости
Последни новости
Категории