ул. Мирослав Крлежа бр. 51-2/4 1000 Скопје Република Македонија contact@kks.org.mk +389 (0)70 268 608

Доцноримското термално лекувалиште, Бања Банско

Доцноримското термално лекувалиште во село Банско е откриено 1978 година при ископите за темелите на хотелот Цар Самоил.

Во првата фаза изградена е концепциски едноставна бања заснована на богатството на термална вода од блискиот извор. Сведено на она што е најпотребното, бањата во првата фаза имала само 4 простории: аподитериум, голем базен и дводелна просторија за потење.

Оригиналниот аподитериум бил долг, во правец југоисток-северозапад и од него е зачуван само југозападниот ѕид, сето останато е под нивото од подот на просториите од втората фаза.  Влезот бил од северозападната страна, сега е под нивото на подот точно под југозападната арка на сверозападниот ѕид кој е помеѓу аподитериумот и фригидариумот од втората фаза. Аподитериумот бил засведен со полукружен свод, остатоци од почетокот на сводот се забележуваат на југозападниот ѕид, како и зачуваните тули од кои започнувало да се формира лакот над неговиот влез. Аподитериумот со останатите простории комуницирал со два влеза на југозападниот ѕид: преку јужната врата се влегувало во судаториумот, а преку западната директно во централната просторија со базен.

Централната просторија со базен е јадрото околу кое се има формирано целиот комплекс на бањата, во првата и втората фаза. Во базенот, се слегувало преку двете полукружни скали сместени во неговиот јужен и западен агол. По целата должина на североисточна  страна има скала со три скалила, додека пак по должина на југоисточната и северозападната страна има по една клупа за седење на капачите. Околу базенот има одна патека.

Несомнено дека многу брзо по подигањето на бањата се покажала нефункционалноста на аподитериумот. Затоа тој се руши и од него е оставен само југозападниот ѕид каде што се заѕидуваат двете врати преку кои се влегувало во централната просторија и во судаториумот. На негово место  биле подигнати две нови простории со поголеми димензии кој не само просторно туку и концептуално ги задоволувале новите потреби на корисниците согласно времето во кои тие биле подигнати. Новиот аподитериум е подигнат точно на местото на  постариот, но со поголема површина.

Покрај овие новоизградени простории , во втората фаза на градба на бањата се доградуваат и други, помали кои ја зголемиле и дополниле нејзината функционалност. За потребите на судаториумот е доградена уште една просторија со када за капење.

Во третата фаза повторно централно место зазема просторија со базен. Дното од базентот е поплочен со тули  додека пак страничните ѕидови од базентот се малтерисани со хоросан малтер. Во јужниот и западниот агол има по една полукружна скала, а преку целата североисточна страна се протега скала со 4 скалила.

Бањите од римскиот период, како простор за релаксација на телото и духот на човекот, морала да ги исполнува нормативите  за комплетно уживање во термалната вода користејќи ја нејзината лековита моќ. Затоа е проектирана така да нејзиниот амбиент се доживува низ засводените простории со базенти, украсени со скулптури во ѕидовите, преку замаглениот воздух од пареата на топлата вода вдишувајќи го во приквечерието од денот. Пригушената светлина во просториите од улјаниците поставени високо во нишите од ѕидовите, создавале неверојатна мистика на просторот.

Иако бањата од римскиот период  во с. Банско не е голема, не е луксузна, сепак е единствена по својата сочуваност и по својот начин на функционирање завземајќи почесно место како единствена од ваков тип на Балканот па и пошироко.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *