ул. Мирослав Крлежа бр. 51-2/4 1000 Скопје Република Македонија contact@kks.org.mk +389 (0)70 268 608

Виртуелна прошетка на Црква Св. Богородица Перивлепта

Црквата Св. Богородица Перивлепта била изградена е во 1295 година по налог на византискиот воен заповедник Прогон Згур, зет на императорот Андроник II Палеолог (1282 – 1328) за што сведочи натписот над западниот влез во црквата. Високата социјална позиција на Прогон Згур ми овозможила да ангажира зографите Михаијл Астарапа и Евтихиј, кој ги насликале едно од најврните достигнувања на византиската уметност од Паеолошкиот период.

Во основа црквата има форма на впишан крст во правоаголем простор со централна октоаголна купола која се потпира на четири столбови, нартекс од западната страна е покриен со слепа купола и два крстести сводови, а олтарна апсида која е декорирана со печени тули. Црквата била опкружена со отворен трем, кој настрадал од пожар набрзо по подигнувањето на црквата. Црквата е изградена во традиционален византиски стил, со силни влијанија од епирската архитектура. Градена е од бигор, кршен камен и печени тули, со чија комбинација се постигнати прекрасни декорации на фасадата.

Во 1364/65 година се доградени два параклиса, на источниот крај на јужниот и северниот ѕид финансирани од деволскиот епископ Григориј. Северниот параклис е посветен на св. Григориј Богослов, а јужниот параклис е посветен на свети Никола. Подоцна бил изграден и затворен трем кој ја опкружува црквата од јужната, западната и сецерната страна.

Фреско-сликарството во наосот и нартексот е првото документирано дело на солунските сликари Михаил и Евтихиј, кои подоцна стануваат дворски сликари на кралот Милутин. Нивното сликарство се вбројува меѓу најзначајните достигнувања на т.н. ренесанса на Палеолозите, комбинирајќи елементи од графичкиот стил на Комненската (XI век) и посткомненската уметност (XII век – втора половина на XIII век) со новиот монументален стил на Палеолозите (по 1261 год.).

Во првата зона насликани се стоечките фигури, на северниот ѕид се насликани портрети на св. Климент Охридски и Константин Кавасила, охридски архиепископ од XIII век, а зографите своите имиња ги оставиле испишани на дел од фреските и тоа Михаило – на одеждата на воинот св. Димитрија, Евтихиј – на одеждата на воинот св. Прокопие.

Во втората зона насликан е Богородичниот циклус, а во третата претставени се сцени кои го прикажуваат животот и маките на Христос, во најгорната зона, односно во сводовите насликани се Големите празници. Во централната купола е насликан Исус Христос, како страшен судија. На два од четирите столба, што го носат кубето, осумте стоечки фигури ги претставуваат светите воини.

Во олтарниот простор насликана е прествата на Богородица како стои со раширени раце, Причестувањето на апостолите (Евхаристија), портерти на светители и Поклонување на жртвата (Служба на архиереите).

Во припратата на црквата, од фреските од крајот на XIII век, насликани се сцени поврзани со Богородица, а најкарактеристична е композицијата “Божиќната химна”, која се наоѓа над влезната врата.

Во XIV век, поточно во 1364/65 година под покровителстно на деволскиот епископ Григориј, кој ја финансирал изградбата и фрескоживописување на бочни капели и тремот на црквата, учениците на познатиот охридски зограф од првата половина на XIV век, Јован Теоријан ги слика страничните параклиси и отворениот трем, следејќи ги најдобрите искуства на Охридската сликарска школа од XIV век.

Во втората половина на XIX век во црквата бил поставен дрвен иконостас со икони изработени од Дичо Зограф од Тресонче, но во поново време истиот бил заменет со мермерен иконостас, кој претставува реконструкција на постариот. На него се поставени две престолни икони и царски двери, а над нив, на хоризонтална даска, се насликани петнаесет претстави на светители. Над нив е поставено дрвено Распетие. По освојувањата на Османлиите и паѓањето на Македонија под нивна власт и претворањето на црква Св. Пантелјмон во џамија, црквата Св. Богородица Перивлепта станува седиште на Охридската архиепископија и место каде што се чувале моштите на охридскиот светител Климент. Во периодот по Втората светска војна, црквата била ставена под управа на државата, а моштите биле пренесени во црквата Св. Никола Геракомија. Во 1991 година, кога црквата била вратена во владение на Македонската православна црква, моштите со свечена литија повторно биле пренесени во црквата Св. Богородица Перивлепта, каде што останале сè до возобновувањето на Светиклиментовиот манастир на Плаошник во 2002 година, кога се вратени на нивната првобитна локација.

Иако бањата од римскиот период  во с. Банско не е голема, не е луксузна, сепак е единствена по својата сочуваност и по својот начин на функционирање завземајќи почесно место како единствена од ваков тип на Балканот па и пошироко.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука