ул. Мирослав Крлежа бр. 51-2/4 1000 Скопје Република Македонија contact@kks.org.mk +389 (0)70 268 608

Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Татиќев камен (Кокино), с. Кокино

Татиќев камен се наоѓа на неовулкански рид, оформен од стврднување на лава која се изливала од вулкански кратер. Со текот на времето со ерозија на ридот се формирале процепи низ кои на т.н. маркери се следеле циклусите на сонцето (краткоденицата, рамноденицата и долгоденицата) и месечината (максимална и мининална деклинација на месечината во лето и максимална и мининална деклинација на месечината во зима).

Локалитетот се простира на повеќе зарамнети платформи, горна платформа, долна платформа со т.н. камени престоли, кружна или астрономска платформа и северна тераса. На северната страна на локалитетот е пронајден и т.н. ограден ѕид широк 1,2 метри.

Археолошките истражувања на локалитетот се започнати во 2001ва година при што се пронајдени голем број на обредни јами, кружни камени конструкции, како и движен материјал кој укажива на култни активности на овој простор. Движниот материјал пронајден при археолошките ископувања е датиран во Бронзеното време од 2000 гпне до 1200 гпне, па се до железното време околу 800 гпне. Пронајдени биле бронзено копје, керамички сад от типот “ламба”, калапи за лиење на бронзени копчиња, бронзен висулец и врв од стрела, инка за изливање на течности, рачна камена мелница, голем број на керамички фигурини и голем број на керамички садови. Трагите од горење укажуваат обредни церемонии на кои се палеле обредни огнови, кои веројатно придружувани со гозби. Тоа укажува дека локалитетот бил користен во долг временски период за што некои научници Татиќев камен го нарекуваат и света планина.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука