Jужниот дел од Пелагониската Рамнина во античко време наречен Линкестида, како цивилизациски центар со длабоки корени ќе биде примамлив за многу освојувачи коишто со мечот ја кроеле историјата во овој дел од светот. Во ова стратешки привлечно парче земја значајно место зазема древниот град Хераклеја.
Еден од изворите којшто содржи навестување кога е создаден градот Хераклеја е Демостен (првиот говор против Филип 351/2 год. пр. н.е.), човекот кој ревносно ја бранеше независноста на Атина, атинската демократија и слободата на Грција од македонскиот империјализам. Толкувајќи ги зборовите на Демостен и имајќи ја предвид воинствената и неуморна активност на Филип II, се верува дека градот Хераклеја го основал токму тој како стратешки центар на северозападната граница од македонската област Линкестида. Фактот што овој град е именуван со името Хераклеја не е ни малку чудно, затоа што македонските кралеви судбински предодредени со голема моќ, тврделе дека нивниот род потекнува од Херакле.
Археолошките наоди покажуваат дека животот во Хераклеја започнал на врвот од ритчето, како стратешки центар на Филип II. Зародишот на градот ќе го одбележи подигањето на тврдината која зафаќа површина од 1.5 до 2 ха. Позицијата на населбата првенствено е избрана поради доминантната положба и прегледот над околниот терен, што било значајно во немирните времиња и честите борби со Илирите. Покрај станбени слоеви, грнчарија и монети на северната и на североисточната падина од акрополот, откопани се и неколку гробови со наоди од доцномакедонско-хеленистичкиот период.
Во римскиот период градот полека се оформува кон јужната и источната сончева падина на ритчето до брегот на рекичката Сива Вода, со утврден ареал кој опфаќал површина од 7.5 ха, додека во рановизантискиот период источниот дел од градот бил напуштен, а површината која ја обиколува внатрешниот бедем во тоа време била намалена и изнесувала 5 ха.
Просперитетот на градот го овозможиле двете балкански магистрали: Виа Егнатија, која го поврзувала Рим со Анадолија и Дијагоналниот пат, како најкратка врска на Рим со Дунав и Дакија.
Откако Македонија станала римска провинција, пред сè, за свои потреби, Римјаните градат патишта, утврдуваат градови и други градби, со што и Хераклеја добива римска физиономија. Бројни Римјани се доселуваат, како заради потребата за администрирање на провинцијата така и заради користење на нејзините ресурси. Епиграфските споменици го потврдуваат со жителството на доселениците од јужноиталските и ориенталните провинции со хераклејскиот граѓанин. Ова е периодот во кој Хераклеја заради своето архитектонско наследство ќе биде запаметена како вистински бисер на римската архитектура. Сепак, колку и да била градена според строгите канони на градежништвото на големата Империја, традиционалните влија нија оставале длабоки и неизбришливи траги.
Со нападите на аваро-словенските орди во текот на VI век градот потонал во сиромаштија, а урбаниот живот на градот во голема мера згаснал. Всушност, 550/551 год. го донела првото значајно задржување на Словените на Балканот. Според Прокопиј, големо мноштво од Словените направиле неописливи злосторства. Потоа големата словенска инвазија во осумдесетите години на VI век до темел ја разниша византиската власт на Балканот, посебно неговите јужни делови. Повеќе од три години Словените ги ограбувале и ги пустошеле Македонија и Тракија, а во 584 година го организирале и првиот напад на Солун. Опсадата од 5000 Словени претрпела неуспех. Есента 586 година презеле нов напад, но овојпат во заедница со Аварите. Сите овие превирања не ја заобиколија ниту Хераклеја.
Влегувајќи во периодот на средниот век, градот Хераклеја и неговата околина веќе имале долга историја. За овој период добиваме информации претежно од црковната историја. Во IX век во еден список на епархии кои биле потчинети на Цариградската патријаршија се наведу ва името Хераклејски, веројатно титула што ја носеле сите епископи од Хераклеја. Во XII век се споменува името на покорниот епископ Герасим од Хераклеја. Со исклучок на погоре наведените записи за средновековниот живот во Хераклеја, постојат и материјални потвр ди, а тоа е средновековната некропола кај Базиликата Д. Станува збор за гробови т.н. типови на редови, а посебно интересно е тоа што меѓу редовите се насетуваат неколку помали формации кои најверојатно припаѓале на семејни целини. Сите оние кои што минувале низ пелагонискиот крај оставале по некоја трага од својата материјална култура и си заминувале. Единствено Словените (Брсјаци) успеале трајно да се колонизираат во овој реон и да им се наметнат на староседелците, како и да основаат своја населба на падината на месноста Бора Кале, околу горниот тек на реката Драгор, која благодарение на природните услови се развила во средновековен град.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 04.02.2025 by kks.org.mk
Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Хераклеа Линкестис

Category: Археолошки локалитети, Виртуелни прошетки, Новости
Последни новости
Категории