ул. Мирослав Крлежа бр. 51-2/4 1000 Скопје Република Македонија contact@kks.org.mk +389 (0)70 268 608

Проектот за популаризација на археолошкиот локалитет “Девини Кули”

На 08.09.2020 година се финишираше со реализација на Проектот за популаризација на археолошкиот локалитет “Девини Кули”.

Со овој проект од страна на Здружение на граѓани Концепт за култура беа поставени информативни табли покрај регионалниот пат Скопје-Македонски Брод и во непосредна близина на локалитетот “Девини Кули”.

Исто така беа поставени и патокази, пешачката патека беше изчистена од вегетација и маркирана. Освен патеката од вегетација беа изчистени и бедемите на локалитетот.

Покрај информативната табла пред самиот локалитет поставена е и клупа за одмор.

Со овој проект се овозможува полесен пристап до локалитетот и како и негова презентација и популаризација.

Проектот е реализиран со финансиска поддршка од Министерството за култура.