ул. Мирослав Крлежа бр. 51-2/4 1000 Скопје Република Македонија contact@kks.org.mk +389 (0)70 268 608

Виртуелна прошетка на Карпински манастир – Воведение на Пресвета Богородица, с. Орах, Општина Старо Нагоричане

Каринскиот манастир и црквата Воведение на Пресвета Богородица се наоѓат на 5 км од регионалниот пат Куманово – Крива Паланка во атарот на селото Орах, Општина Старо Нагоричане.

За манстирот во својата книга “Материјали по изучувањето на Македонија” од 1896 година,  Ѓорче Петров напишал дека според преданијата манастирот е стар повеќе од 1.000 години. За време на владеењето на османлиите манастирот запустел 4 пати од пожари и угнетување, додека најпосле, точно не познато кога, манастирот бил присвоен од кратовскиот бег Ахнед Чалма, кој што во црквата ги чувал своите кози. Околните селаните го откупупиле манстирот собрајќи го целиот сребрен накит на своите жени.

Се смета дека манастирот е основан во XIV  век од страна на севастократорот Дејан, зат на српскиот цар Стефан Душан, а за првпат се споменува во 1592 година, кога било напишано Карпинското евангелие, за кое во една преписка се кажува дека тоа е напишано во Карпински манастирот, во храм Воведение на Пресвета Богородица, во лето 1592 од страна на еромонахот Јоаникие. Денешниот изглед манастирот го добива во XVI – XVII век, а бил обновен кој крајот на XIX век.

Манстирскта црква посветена на Воведение на Пресвета Богородица е во форма на триконхос, а подоцна на западниот дел е доградена издолжена припрата.

Црквата има два слоја на фрескоживопис, првиот од 1592 година, а вториот од 1893 година.

На дрвениот иконостас е со скромен изглед се поставени мајсторски изработените икони, меѓу кои се осумте празнични икони од крајот на 16 век и почетокот на 17 век. Во XVI век во манстирот живееле на 300 калуѓери, а покрај тоа што важел за културен и духовен центар во регионот, бил значаен книжевен и скипторски центар чиј најзначајни книжевски дела се Карпинското евангелие и Апостол со ирмологиум, кои сега се наоѓаат во Москва.. Во 1745 година во манастирот Карпино дошол еромонахот Стефан, запишано од ерејот Стојко од Нагоричино, додека од друга рака е запишано дека света книга пеел поп (папа) Димитрија од село Врбен во Дебарска каза. Карпинскиот триод денес се чува во Софиската народна библиотека.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука