ул. Мирослав Крлежа бр. 51-2/4 1000 Скопје Република Македонија contact@kks.org.mk +389 (0)70 268 608

Виртуелна прошетка на црквата Св. Андреја – Матка

Манастирската црква, Св. Андреја бил изградена кон крајот на XIV век, односно во 1388/1389 година, во кризни, турболентни историски околности, непосредно пред и за време на Косовската битка (1389) а пред освојувањето на Скопје од страна на Османслиското Царство (1392).

Била изграден на мошне безбедно и тешко пристапно место во карпестиот теснец Матка, високо над коритото на реката Треска, на зарамнет простор на левиот речен брег, на подрачје кое било под власт на кралот Марко (1371-1395) и спаѓало во пограничната зона на тогашната Маркова држава, а му припаѓало на принцот Андреаш, вториот син на крал Волкашин (1365-1371) и кралицата Елена, брат на кралот Марко.

Св. Андреја – Матка, од гледна точка на нејзината архитектура, претставува пример на доцновизантиско градителство, сублимат на идејни решенија на една подолга градителска традиција а истовремено и сакрална градба со локални обележја. Таа е релативно мала по своите димензии, комбинација на триконхален план и на крстообразно решение. Северната и јужната конха всушност се апсиди што ја имаат намената на певници, а третата конха на источната страна е олтарна апсида, однадвор петострана. Над централниот простор се издигнува купола поставена на пандантифи.

Живописот во црквата е насликан во три зони, а на натписот, северно од олтарната конха, испишани се имињата на зографите: митрополит Јован, зограф и монахот Григорие. Во поткуполниот простор биле насликани Големите празници кои се доста оштетени. Под Големите празници е насликан циклусот на Христовите маки и страдања. Во долната зона се насликани светители и свети воини во цел раст во долната зона над кои се насликани допојани престави на светители. Во конхата на апсидата е преставена Богородица со Христос седната на престол со пар ангели.

Според натписот на источниот ѕид кон манастирската црква при крајот на XIV век (1559/1560 година) била доградена припрата е со правоаголна основа и полукружен свод, без декорација на фасадите и без некои посебни архитектонски вредности. Од исто време потекнува фреско-живопис делумно зачуваниот во нартексот на нејзниот источен ѕид кој ги манифестира какартеристиките на поствизантиската епоха, а се одликува и со извесна монументалност, што не е специфично за сликарството од XVI век. Сликарството во припратата ги нема ликовните вредности на тоа во наосот од крајот на XIV век. Манстирската цркава во 1968-ма година е прогласена за споменик на културата, а  во 2018 е прогласен за културно наследство од особено значење.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука