Црквата Св. Никола, с. Љуботен се наоѓа на 14 км. од центарот на Скопје на падините на Скопска Црна Гора за која Ѓорче Петров напишал: надвор од селото Љуботен на видно место има стара но убава црква, која се гледа дури и од Скопје, која според натписот над нејзината врата таа била изградена од царот Стефан Душан.
Според натписот врежан во камената плоча, поставена над западната влезна врата, црквата била изградена во 1337 година од страна на непознатата властелинка, ктиторката Даница.
Црквата има правоаголна форма со впишан крст, со осмоаголна купола во средишниот дел која се потпира на четири квадратни столбови и петострана аписда украсена со слепи ниши на источниот дел. Градена е од обработен камен и тули поставени во редови во наосот и во форма на крстови и шаховски полиња во горните делови на апсидата. Фасадата ја украсуваат и слепи ниши поставени на сите ѕидови и на апсидата.
Фрескоживописот е датиран во времето на градењето на црквата, а живописан е од страна на непознат, но мошне талентиран зограф за кој се смета дека потекнува од охридската школа.
Црквата во подолг период била напуштена при што страдал горниот дел од живописот. Во еден период црквата од страна на месното население била користена како штала за добиток, а во последно време е често ограбувана. Во периодот од 2006 до 2017 година, фрескоживописот во црквата бил реставриран и конзервиран, а при реконструкција на црквата бил пронајден жртвеник со латински натпис, посветен на богот Либер. До црквата се наоѓа повеќевековно дабово дрво, кое според месното предание било оштетено од мештанин од муслиманска вероисповед, и на него сѐ уште се познаваат траги од обидот за сечење.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 21.07.2024 by kks.org.mk
Св. Никола, с. Љуботен, општина Бутел

Category: Виртуелни прошетки, Новости, Цркви и манастири
Последни новости
Категории