ул. Мирослав Крлежа бр. 51-2/4 1000 Скопје Република Македонија contact@kks.org.mk +389 (0)70 268 608

Изложбата “Културно историските споменици на Македонски Брод” отворена во Домот на културата

По повод денот на ослободување на Македонски Брод во Домот на културата на Македонски брод беше отворена изложбата “Културно историските споменици на Македонски Брод”. На отварањето свое излагање имаа м-р Цуте Крајчески, претседател на здружение на граѓани Концепт за култура Скопје и директорката на Домот на културата Милена Стојческа.

На изложбата беа присутни градоначалникот на Македонски Брод, членови на советот на општината и преставници на министерството за култура и други видни граѓани.

На изложбата се поставени 49 фотографии од културно-историските споменици во општина Македонски Брод.

Изложбата ќе биде отворена до 15.10.2020 година, а е реализирана со финансиска поддршка на министерството за кулутра.