ул. Мирослав Крлежа бр. 51-2/4 1000 Скопје Република Македонија contact@kks.org.mk +389 (0)70 268 608

Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Баргала, с. Радање, општина Карбинци

Античкиот градот Баргала се наоѓа во источниот дел на Р Македонија, во подножјето на планината Плачковица, на десниот брег од Козјачка Rека, на простор погоден за изградба на фортификација, кај некогашниот Горен Козјак во месноста Градот, на оддалеченост од 2.5 km јужно од денешното село Долен Козјак и на 13 km североисточно од градот Штип.

Името на градот Баргала за прв пат се среќава на еден пронајден натпис датиран од 371 година, откриен во месноста Ханче во атарот на село Карбинци.

Градот во периодот од III век бил на воениот логор – каструм до IV век кога од каструм  преминува во цивитас, и кога станува главно епископско седиште по течението на реката Брегалница. Својот најголем развој го добива во втората половина на V век кога е периодот на големата обнова на Баргала. Градот егзистирал  до почетокот на 7 век, кога градот Баргала бил запален и урнат од Аваро-Словенските напади.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука