ул. Мирослав Крлежа бр. 51-2/4 1000 Скопје Република Македонија contact@kks.org.mk +389 (0)70 268 608

Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Маркови Кули, општина Петровец

Локалитетот Маркови Кули се наоѓа 1,6 км источно од село Кожле и 1,2 км јужно од село Летевци, 3 км пред устието на Пчиња во Вардар. Претставува тесен и издаден карпест рид 70 метри над реката со стрмни страни во теснецот на Пчиња, околу кој реката врти во голем лак. Мало седло од источната страна го дели од повисоките планини каде што денес поминува автопатот од Скопје кон Велес.

Локалитетот преставува средновековно утврдување изградено врз постара доцноантичка населба. На оваа позиција во доцноантичко време бил изграден граничен кастел што ги контролирал античкиот магистрален пат кој ги поврзувал провинциите Македонија и Дарданија (Горна Мезија).

Градот Кожле е спомнат во српските црковни повелби од времето на Стефан Душан. Со него тогаш управувал кефалија, што значи дека бил кралска (државна) тврдина. Го контролирала Вардарскиот пат во теснините помеѓу Скопското и Велешкото Поле. До 1230 година кога Србите ги освоиле граничните византиски кастрони Велес, Чрешче, Штип и Просек, Кожле претставувал српска гранична стража и најистурена точка кон Византија.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука