ул. Мирослав Крлежа бр. 51-2/4 1000 Скопје Република Македонија contact@kks.org.mk +389 (0)70 268 608

Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Павла Чука, село Подмол, општина Прилеп

Археолошкиот локалитет Павла Чука преставува ѕидана монументална гробница од македонски тип. Гробницата е делумно вкопана во карпа со ѕидана комора, предкомора, дромос и периметрален ѕид. Гробницата била покриена со нафрлена земја со што се создал тумул со дијаметар од околу 100 метри.

>Била изградена во раната антика, а набргу била ограбена. За жал не знаеме за кого била наменета горобницата, но со својата монументалност, со сигурност може да се предпостави дека станува збор за многу важна личност со висок социјален статус.

Оваа гробница преставува уникатен пример во Република Македонија, а слични вакви гробници се откриени во Република Грција кај Пидна и најголемата гробница од овој тип откриена во Анфипол.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука