ул. Мирослав Крлежа бр. 51-2/4 1000 Скопје Република Македонија contact@kks.org.mk +389 (0)70 268 608

Виртуелна прошетка на црквата Св. Архангел Михаил, Берово

Црквата Св. Архангел Михаил е изграден во периодот од 1815 до 1818 година, а осветена е во 1818 година. Првите монашки келии биле изградени во 1840 година.

Според легендата Парохискиот свештеник, поп Пецо, бил задолжен да обезбеди дозвола за градба од Уќуматот што се наоѓал во Радовиш. Валијата дал дозвола за градба, но под многу тешки, речиси неостварливи услови. Имено, црквата да биде изградена ниско под нивото на патот и да не се гледа, градењето да заврши за четириесет дена, а поп Пецо, најмалата своја ќерка, Султана, да ја даде во харемот. Условите не ги обесхрабриле беровчани во нивната намера. Со голем труд и пожртвуваност на верниците црквата била изѕидана и покриена со камени плочи за четириесет дена. За да не биде забележлива, надворешниот ѕид бил премачкан со саѓи и со вар. Кога видел валијата дека црквата е изградена над земјата по истекувањето на рокот, многу се налутил, и наредил тројцата црковни настојници веднаш да бидат убиени пред црквата, а бидејќи Султана избегала во Ќустендил, поп Пецо бил затворен. Тој бил пуштен од затвор по три години, а неговата ќерка се вратила во Берово кога разбрала дека комитите го убиле валијата.

Со активностите на манастирот тесно се поврзани Разловечкото (1876) и Кресненското востание ( 1878) година.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука