Црквата е подигната на јужниот дел од селото Дреново, од каде се простира широка панорама према реката Црна и античкиот град Стоби. За градење на црквата бил употребен камен од Дреновската клисура, а со помош на керамички тубули водата била донесена од блискиот рид кај ,, Грбовечката Кула,,.
Црквата Св. Богородица е подигната за време на владеењето на цар Душан по својата архитектонска градба ги надминува сите останати цркви во целиот тиквешки крај.
Црквата била живописана и декорирана од зоргафот Димитрие во 1356 година, а сводот на јужниот ѕид на црквата, околу фреската на Св. Архангел се говори за живописувањето на црквата според кои истата е живописана во 1356 година ,, при државе Николе и Марко по смрти старонаго цара Стефана,,. Според една повелба од 1378 година, оваа црква властелинот Константин Дејановиќ е подарил како метох на светогорскиот манастир Св. Пантелејмон. За жал фрескописот е скоро целиот уништен, а останати се само мали фрагменти.
За жал за време на турското владеење црквата била запуштена и оштетена, осбено во нејзинот западен дел. Меѓутоа сеуште останува енигма времето на ѕидањето на црквата, за извршените преправки, доградби на црквата, како изгледот на фреско живописот. Од изгледот и внатрешноста на црквата може да се види дека тоа е трикорабна куполна црква со крстобразна основа, имала две куполи носени од сводови: една над наосот, а другата над нартексот. Во своите основни линии оваа црква се поврзува со црквата Св. Софија во Солун, при што во Дреновската црква крстобразен бил не само централниот туку и западниот дел од црквата. Во констуркцијата на сводовите уште во првобитната градба, се употребувани антички столбови и капители, под кои се наоѓаат плочи со старогрчки натпис. Не е исклучено дека при ѕидањето на оваа црква да бил користен материјал од античките населби Еударист и Мотичани.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 15.07.2024 by kks.org.mk
Виртуелна прошетка на црквата Св. Богородица, с. Дреново, општина Кавадарци

Category: Виртуелни прошетки, Новости, Цркви и манастири
Последни новости
Категории