Најстарите слоеви на локалитетот Цареви Кули досегаат до првата половина на V милениум пр. н.е, односно халколитот – бакарното време. Тогаш изникнала првата населба расположена терасесто на југоисточната падина на ридот, односно на стратешки одбран непристапен терен која настрадала во некои од турбулентните времиња кон средината на V милениум. Во овој период на падините биле нивелирани тераси на кои потоа биле градени живеалишта во кои најверојатно живееле помали заедници – кланови.
Животот на просторот на Царевите кули продолжува во времето на средната бронзена епоха, кога над населбата од раниот халколит се подига нова населба расположена на речиси истите тераси со идентичен начин на протегање на живеалиштата и тоа во две фази. Првата, постара фаза, е од преодниот период, односно самиот почетокот, додека дугата, помлада фаза, е од средината на средната бронзена епоха.
Кон крајот на V и почетокот на IV век пр. н.е Цареви Кули повторно добиваат нов импулс во населувањето, период од кој се откриени пет поголеми јами со кружна основа во кои се наоѓаше исклучителен материјал од македонскиот класичен период, односно V и IV век пр. н.е. Се работи за јами вкопани во лискунеста карпа на врвот од ридот и поставени во насока исток-запад во кој се пронајдени грнчарија од локално потекло, но и црно фирнајзирана керамика и некои форми на садови кои претежно се врзуваат со атичките работилници, монети, оружје, предмети употребувани во секојдневието и накит… Од овој период на просторот на Царевите кули биле пронајдени нарушени остатоци од барем едно погребување од IV век пр. н.е.
Во време на македонско-хеленистичкиот период активностите на локалитетот Цареви Кули наеднаш добиваат во својот интензитет. Во тој период најверојатно веќе имаме некаков организиран живот на платото, а пронајдени се повеќе гробови во кои бил застапен биритуален начин на погребување, односно со кремација и инхумација.
По освојувањето на Македонија од страна на Римјаните во текот на 148 год. пр. н.е животот на Цареви Кули продолжува но со нешто понамален интензитет. Единствено во првите години по освојувањето активноста е несмалена, а подоцна значајно опаѓа. Тоа најверојатно се должи на наездата од келтските племиња Скордисци од север кои подолго време, кон крајот на II век пр. н.е., ги пустошиле овие краишта. Истиот интензитет продолжува и во текот на I век во времето на Римската Империја, додека во II-III век сè уште имаме одредена активност, но таа и понатаму е со смален интензитет, а кон крајот на III век овие краишта се опустошени од Готско-херулската наезда.
Кон крајот на III или почетокот на IV век градот Струмица (Тивериопол) заедно со тврдината Цареви Кули е добро утврден град, веројатно благодарение на активностите преземени од страна на Диоклецијан или Константин.
По надоаѓањето на Словените во VI век, струмичката област била населена од словенските племиња Струмјани или Стримонци, и тоа најверојатно во почетокот на VII век. Тие името Астраион или Естреон го словенизирале во Струмица, а животот на доцноантичката тврдина речиси целосно замира.
Дури кон крајот на XI и почетокот на XII век се издига средновековната тврдина над Струмица, кога се појавуваат првите контури на денешните Цареви Кули. Тврдината била изградена со сите свои придружни елементи: Централната кула – Пирг, бедеми околу целото плато, одбранбени кули, цистерни за вода, гранариуми, објекти за живеење, коњушници, ковачници и средновековна црква. Ова најверојатно се должи на градителската активност на византиските цареви од лозата на Комнините (1081-1185 год), поттикната од опасноста на доаѓањето на Крстоносците и Норманите.
По освојувањето на Струмица од страна на Османлиите положбата на тврдината значајно се изменила, зашто таа останала длабоко во територијата и немала речиси никакво одбранбено значење. Сепак, се чини дека кон крајот на XIV и почетокот на XV век таа сè уште го имала својот одбранбен карактер. Последните извештаи за тврдината се од XVII век. Судејќи по описот на Евлија Челеби, тврдината била одамна напуштена и веќе почнала да се руши.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 23.05.2024 by kks.org.mk
Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитетот Цареви Кули, Струмица

Виртуелна прошетка на црквата св. Илија, с. Грнчари, општина Преспа
Црквата посветена на старозаветниот пророк св. Илија претставува мала еднокорабна градба. Постарата црква е градена од камен, а при обновата на црквата користени се обработени камења и тули. Црквата е засводена со полукружен свод, аписидата е тристрана, а единствениот влез е на западната страна. Од северната и јужната страна се поставени контрафори за стабилизирање на градбата.
Во внатрешноста на црквата има живопис од два периода. Постариот е изработен во времето на изградба на храмот, а врз основа на стилската и иконографската анализа најстарите фрески од оваа црква се датираат во првата половина на XIII век. Од него е зачуван фрагмент од композицијата „Успение Богородичино“ и „Преображение Христово“.
Втората фаза на фрескоживописот е изработена при обновувањето на црквата во поствизантискиот период. Интересно е да се напомене дека на јужниот ѕид, зад иконостасот, претставен е св. Ахил, светец чиј култ бил особено карактеристичен и многу почитуван во околината на Преспа. Во оваа фаза повеќето натписи се на старословенски јазик, при што во натписот над композицијата „Дејсис“ се спомнуваат попот Димитар и син му Рајко како обновувачи на црквата „Св. Никола“.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 23.05.2024 by kks.org.mk
Виртуелната прошетка на Античкиот театар во Охрид
Првите претпоставки дека во античкиот Лихнид (денешниот Охрид) постоел театар, ги дал рускиот историчар на уметноста Никодим П. Кондаков на самиот почеток на XX век, а веќе во текот на 1935 година, кога биле извршени првите археолошки ископувања, тие претпоставки биле потврдени и театарот бил делумно откриен. Подоцна, за време на ископувањата вршени во периодот 1959-1960 година, била одредена точната локација и големината на театарот.
Античкиот театар во Охрид бил изграден кон на крајот на III или почетокот на II век, во периодот на доцниот хеленизам и бил наменет за прикажување на драмски, музички и поетски претстави на љубителите на театарската уметност.
Бил граден по угледот на прочуените грчки камени градби од овој вид, со богата архитектонска декорација, особено на театарската зграда која што била украсена со фриз од барелјефни плочи на кои биле вклесани сцени од животот на боговите. На две такви мермерни плочи, кои денес се чуваат во Охридскиот музеј, претставен е богот Дионис во друштво со Музите.
Веднаш по римските освојувања на овие краеви во 148 година п.н.е., театарот, најверојатно за исклучително кратко време, бил приспособен за потребите на римскиот начин на живеење. Објектот бил преуреден во театарски простор со арена за гладијаторски борби и борби со диви ѕверови при што неколку од долните редови седишта биле урнати и на нивно место биле изградени неколку кафези за животните, а орхестрата со почесните седишта била заградена со заштитен ѕид. Подоцна во горната, надворешна зона бил изграден епитеатрон, со што капацитетот на театарот се зголемил до 5000 гледачи.
Во почетокот на IV век од новата ера и со христијанизацијата на населениет, биле разурнати сите пагански објекти во градот. Најверојатно во тие разурнувања страдал и театарот, а материјалот од неговите седишта и другите објекти подоцна бил користен за градење на ранохристијански базилики и многу други сакрални и профани објекти.
Систематските ископувања се започнати во 1977 и по прекин од шест години продолжени во 1984 година, а во текот на 1999 година започна проектот за негово целосно откривање и ставање во функција, а од 2001 година на сцената на отворениот реконструиран простор на античкиот театар повторно, по дваесет векови, се одржуваат драмски претстави, музички приредби и разни други манифестации.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 23.05.2024 by kks.org.mk
Виртуелна прошетка на црквата Св. Никола, с. Псача
Историските податоци се оскудни, но се смета дека е изградена во 1354 година. Како нејзини ктитори се спомнуваат севастократот Влатко и неговиот татко, кнезот Пасхач. Во една повелба од 25 март 1358 година се спомнува приложувањето на црквата кон манастирот Хиландар од страна на властелинот Влатко.
За време на конзерваторските работи на оваа црква е утврдено дека натписот што се наоѓал над западната влезна врата е уништен во 1876 година, бидејќи во него се спомнувале кралот Урош и Волкашин. Уништени се и натписите на овие владетели на нивните портрети на северниот ѕид.
Црквата Св. Никола е поставена на правоаголен простор, а во основата има форма на впишан крст. На предната страна е изградена припрата над која, како некогаш и над централниот дел, се издига купола. Фасадате на црквата е профилирана и украсена со шари, изведени во керамопластика. На исток завршува со тристрана апсида. Изградена е од од кршен, клепан камен и тула.
Живописот е од времето кога е градена црквата и спаѓа во редот на најдобрите зографски остварувања од македонското средновековно сликарство. Зографите не се познати, но насликаните портрети на семејството на ктиторите третирани со голема доза на реалност покажуваат дека непознатиот зограф спаѓал во редот на талентираните и реномирани творци од средината на XIV век. Колоритот со овонредни нијанси на сино, бело и црвено ја покажува големата умешност и знаење на непознатиот псачки зограф.
Висока вредност имаат реалистичките портрети на ктиторите, кнезот Пасхач и неговата жена, кнегињата Озра, севастократот Влатко, неговата жена Владислава и синот Стефан.
Во XIX век биле извршени одредени досликувања, а на почетокот на XX век, на западната фасада, зографот Димитрие Андонов Папрадишки со својата препознатлива умешност претставил ликови на неколку светители.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 23.05.2024 by kks.org.mk
Виртуелната прошетка на археолошкиот локалитет Маркови Кули, Прилеп
Марковите кули се наоѓаат на северната периферија на градот Прилеп. Во 2006 година Марковите кули се прогласени за споменик на природата.
Најстарите траги од користењето на овој простор се поврзуваат со времето на доцниот енеолит, кога на горните делови од ридот Маркови Кули егзистирала помала неутврдена населба, а на северните падини од возвишението Чардак се откриени остатоци од станбен објект лоциран во внатрешноста на една помала пештера.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 23.05.2024 by kks.org.mk
Виртуелната прошетка на црквата Св. Богородица Елеуса
За црквата посветена на Св. Богородица Елеуса (Милостива), нејзината историја, имотно-правните односи, феудалниот статус и богатството на манастирската ризница, дознаваме од податоци зачувани во светогорскиот манастир Ивирон, чиј метох Богородичината црква во Велјуса станала во XIII век.
Од камените надвратници кои биле поставени на над двата влеза на црквата прецизно се утврдува дека градбата била завршена во 1080 година под будното око на духовникот Мануил, предходно епископ во Тивериопол, кој во своите монашки денови ја изградил Богородичната црква, чија гробница се наоѓа во нартексот на црквата.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 23.05.2024 by kks.org.mk
Виртуелната прошетка на Самоиловата тврдина во Варош, Охрид
Во најстарите извори кај Полибиј, во кои за прв пат се споменува античкото име на Охридското Езеро, се укажува на фактот дека при првата воена акција на овие простори, македонскиот крал Филип II наредил да се изгради утврдување на ридот над езерото, додека најстариот историски податок за градот Лихнид (античкото име на Охрид) и самата тврдина потекнува од античкиот историчар Ливиј, од 209 година п.н.е., каде се говори дека тврдината веќе била изградена и функционирала во сите пресудни моменти од историјата на градот.
Остатоците од најстарата тврдина се потврдени со археолошките ископувања при што се констатирани камени блокови, наредени од внатрешната и надворешната страна покрај северниот бедем на денешната цитадела, во правец југоисток-северозапад, додена најголемиот дел од ѕидовите на цитаделата и подградието, заедно со зачуваните кули, датираат од времето на царот Самоил, од 976 до 1014, а потоа и на неговите наследници до 1018 година, кога Охрид бил престолнина на првата држава на македонските словени, заради што денес тврдината е позната како “Самоилова крепост”, која била урната при повторното потпаѓање под византиска власт, ос страна на императорот Василиј II. Подоцна, веројатно византискиот цар Алексиј I Комнен повторно ја обновил, а и во втората половина на XIV век, во времето на владеењето на големиот жупан Андреа Гропа со охридскиот крај, помеѓу 1371 и 1385 година, цитаделата била повторно обновена. Височината на бедемите е различна, од 3 до 16 метри, во зависност од конфигурацијата и пристапноста на теренот.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 21.05.2024 by kks.org.mk
Виртуелната прошетка на Манастирот Рождество на Пресвета Богородица – Поречки Манастир
Според преданијата манастирот го подигнал српскиот крал Милутин во 1284 година, бил запален од страна на османлиите, најверојатно во 1689 година, а повторно бил изграден во средината на XIX век, односно во 1846 година. При конзерваторски работи утврдено е дека има две сликарски фази, понова од XIX век и постара која е датирана од XI до XII век. Во последните години комплетно се доградени манастирските конаци….
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 21.05.2024 by kks.org.mk
Виртуелна прошетка на Скопската тврдина Кале
Скопската тврдина Кале се наоѓа на левиот брег на реката Вардар од каде доминира над центарот на Скопје. Со археолошките истражувања на тврдината утврдени се населби од раниот енеолит, раното и средното бронзено време, преоднит период од бронзениот во железниот период, средниот век и отоманскиот период, односно со прекини се живеело од V милениум пред нашата ера до денес.
Најголемиот дел од Калето повторно е оштетено од земјотресот во 1963 години, по што делумно е обновено, а повторно се реконструирани делови од бедемот во 2008-2010 година.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 21.05.2024 by kks.org.mk
Виртуелна прошетка на археолошкиот локалиетет Скупи
Археолошките наоди укажуваат на континуиран живот на просторот на идниот град Скупи и непосредната околина во бронзеното и железното време – од 12 до 6 век п.н.е. Според историските извори, Дарданците продираат и го населуваат регионот на Скопската Котлина кон крајот на 3 век п.н.е.
Колонијата Скупи (Colonia Flavia Scupinorum) е основана со населување ветерани (воиници во пензија) од легиите: Седма Клавдиева (VII Claudia), Петта Македонска (V Macedonica), Петта Алауда (V Alaudae) и Четврта македонска (IV Macedonica) , на кои им било доделено земјиште како награда (дедукција) на просторот на пошироката градска територија која се поклопува со територијата на Скопската Котлина…
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Последни новости
Категории