ул. Мирослав Крлежа бр. 51-2/4 1000 Скопје Република Македонија contact@kks.org.mk +389 (0)70 268 608

Виртуелна прошетка на античкиот град Таор

Античкиот Таорисум се наоѓа на источната периферија на денешното село Таор. Античкиот Таорисиум е родното место на Византијскиот имепратор Јустинијан I и Теодахад крал на Остроготите. Градот бил населен во IV век, бил уништен во земјотресот од 518 година, но бил обновен од страна на Јустинијан. Животот во градот се претпоставува дека замрел во VII век.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука

Изложба на фотографии од културно историските споменици во Општина Македонски Брод во Центарот на културата во Кичево

На 18ти Февруари 2022 година во ликовната галерија на Центарот на културата во Кичево во 18:30 часот ќе биде отворена изложбата на фотографии од проектот “Културно историски споменици во општина Македонски Брод” изработен во 2020 година со финансиска поддршка од Министерството за култура.

На изложбата ќе бидат изложени 47 фотографи преку кои ќе бидат преставени дел од недвижното културно и историско населедство односно цркви, манастери, археолошки локалитети, споменици и спомен обележја, на територија на Македонски Брод.

Изложени фотографиите од проектот “Културно историски споменици во општина Македонски Брод”

Од 13ти Јануари 2022 година во просториите на Домот на културата во Македонски Брод се изложени фотографиите од проектот “Културно историски споменици во општина Македонски Брод” изработени во 2020 година со финансиска поддршка од Министерството за култура.

На изложените 47 фотографи се преставени дел културно историските споменици односно цркви, манастери, археолошки локалитети, споменици и спомен обележја, на територија на Македонски Брод.

Изложбата ќе биде поставена до 20ти јануари 2022 година.

Виртуелна прошетка на Црквата Св. Ѓорѓи, с. Радање, Општина Карбинци

Средновековна селска црква која се наоѓа во атарот на штипското село Радање претставува една од најстарите цркви во Македонија, а најстарата црква во штипскиот регион и која во целост е сочувана. Црквата се наоѓа 15 километри североисточно од Штип до античкиот град Баргала.

За изградбата на црквата недостигаат литературни и историски извори, но во повелбата на царот Василиј II од 1019 година се спомнува средновековната населба Козјак, како енориски центар во рамките на Мороздвишката епископија. Постојат различни теории и претпоставки за времето на нејзиното настанување. Одредени мислења го посочуваат периодот од XI – XII век, а дел од научниците ја датираат во периодот од IX – X век, односно во времето на покрстувањето на Словените по долината на Брегалница.

Околу црквата се простира голема средновековна некропола. Забележано е дека тука се вршело погребување од VII, па сè до првите децении на XX век.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука

Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Виничко Кале, општина Виница

Археолошкиот локалитет Кале се наоѓа југозападно од Виница на еден висок рид покрај Градешка река. Локалитетот кој зафаќа површина од околу 2,5 хектари е обѕидан со цврст бедем кој ја следи природната конфигурација на теренот.

Виничкото Кале било населено во младото камено време, енеолитот, железното време, а најстарите остатоци од зачуваните градби на Виничкото кале  се од раноантичкиот период. Својот најголем развој населбата го дожиевала за време на римскиот период, а животото во населбата продолжил и во средниот век.  

На Виничкото Кале во 1985 година се пронајдени теракотните икони кои преставуваат најкарактеристични и уникатни наоди за македонската археологија. Иконите се изработени од калапена печена глина со димензии од приближно 30 х 30 сантиметри. На релјефните икони се преставени сцени од Стариот и Новиот Завет.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука

Виртуелна прошетка на манастирот Св. Атанасиј, с. Лешок, Општина Теарце

Манастирот е сместен во подножјето на Шар Планина, над селото Лешок. Во манастирот, кој претставува најголем духовен центар во Полошкиот регион, се наоѓаат црквите Св. Атанасиј и Успение на Пресвета Богородица и гробот на Кирил Пејчиновиќ, еден од најпознатите македонски преродбеници.

Манастирот за првпат е основан во периодот од 1321 до 1331 година од полошкиот епископ Антониј, а обновен по доаѓањето на Кирил Пејчиновиќ од Света Гора во 1818 година обновени се манастирските конаци и основана манастирската библиотека.

Манастирот е уриван двапати, првпат во 1690 година, вторпат во 2001 година.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука

Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Си Свети, с. Лешани, општина Дебарца

Археолошкиот локалитет се наоѓа во манастирот Си Свети по кој го добил и името. Манастирот се наоѓа на 500 метри југозападно од селото Лешани и 30 километри од Охрид. Под темелите на црквата посветена на Сите Светци е откриена ранохристијанска базилика.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука

Виртуелна прошетка на манастирот Св. Јован Бигорски, с. Ростуше, Општина Маврово – Ростуше

Врз основа на манастирскиот поменик препишан во 1833 год., манастирот бил основан во 1021 година од страна на монахот Јован, а во XVI век манастирот бил урнат од страна на отоманите. Манастирот бил повторно обновен во 1743 година од страна на јеромонахот Иларион. Ова го потврдуваат и археолошките истражувања кога е константирано дека денешната црква, изградена околу 1800та година, е подигната врз темелите на две постари еднокорабни цркви.

Иконостасот во манастирската црква Св. Јован Бигорски претставува извонредно уметничко остварување на мајсторот Петре Филиповски. Начинот на обработката на иконостасот, богатството на фигурите и композициите со мотиви од Стариот и Новиот завет, го поставуваат овој иконостас во редот меѓу најдобрите достигања на резбарството во Македонија.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука

Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Голем Град, Преспанско Езеро, општина Ресен

Голем град е остров кој се наоѓа во југозападниот дел на Преспанското езеро, дел е од Националниот парк Галичица и e единствен остров кој се наоѓа на територијата на Република Македонија. Островот е широк 350 метри, долг е 600 метри и е со површина од 21 хектар. Најблиско населено место е селото Коњско кое се наоѓа на 4 км од островот.

Најстарите остатоци потекнуваат од средниот и доцниот неолит, но неможе со сигурност да се тврди дали островот бил континуирано населен или повремено посетуван. Скромни наоди се датирани и од доцното бронзено и железното време. Најстарата потврдена населба потекнува од раната антика, а живот на островот продолжил до средниот век.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука

Виртуелна прошетка на црквата Св. Никола Шишевски, с. Шишево, општина Сарај

Црквата посветена на Св. Никола се наоѓа висок над вештачкото езеро Треска од неговата јужна страна од спротива на црквата Св. Андреа.

Според пишаните податоците црквата била изградена од поп Ненад и други ктитори, меѓу кои се спомнува и кралот Марко, во 1345 година. Црквата била доградена и пресликана во XVII век.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука