Античкиот градот Баргала се наоѓа во источниот дел на Р Македонија, во подножјето на планината Плачковица, на десниот брег од Козјачка Rека, на простор погоден за изградба на фортификација, кај некогашниот Горен Козјак во месноста Градот, на оддалеченост од 2.5 km јужно од денешното село Долен Козјак и на 13 km североисточно од градот Штип.
Името на градот Баргала за прв пат се среќава на еден пронајден натпис датиран од 371 година, откриен во месноста Ханче во атарот на село Карбинци.
Градот во периодот од III век бил на воениот логор – каструм до IV век кога од каструм преминува во цивитас, и кога станува главно епископско седиште по течението на реката Брегалница. Својот најголем развој го добива во втората половина на V век кога е периодот на големата обнова на Баргала. Градот егзистирал до почетокот на 7 век, кога градот Баргала бил запален и урнат од Аваро-Словенските напади.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Posted: 26.09.2021 by kks.org.mk
Виртуелна прошетка на Античка гробница, с. Бразда, општина Чучер-Сандево
Античката гробница се наоѓа јужно од селото Бразда на 14 километри од центарот на Скопје во подножјето на античката населба на археолошкиот локалитетот Градиште.
Гробницата била вкопа во карпа до длабочина од 4,2 метри, а лицето на ѕидовите било изградено од фино изработени блокови од транвентин со големина до 110 х 65 х 35 сантиметри. Каменот употребен за изработка на блоковите за гробницата најверојатно потекнува од регионот на село Горно Свиларе кое се наоѓа на 23 километри од гробницата. Според големината на гробницата, употребениот материјал и начинот на изработка без сомнеж може да се тврди дека се работи за владетелска гробница.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 20.05.2024 by kks.org.mk
Виртуелна прошетка на црквата Св. Јоаким Осоговски, с. Варовиште, општина Крива Паланка
Манастирот е основан е уште во XII век, познат и по името Сарандапор. Во овие предели кон крајот на XI и почетокот на XII век живеел испосникот св. Јоаким Осоговски, а се подвизувале и прочуените св. Јован Рилски, св. Прохор Пчински и св. Гаврил Лесновски.
Црквата посветена на Св. Јоаким Осоговски е изградена од страна на архитектот Андреја Дамјанов, еден од најголемите градители на сакрални објекти на Балканот од периодот на македонската преродба. Изградена во периодот од 1847 до 1851 г. по иницијатива и лично вложување на жителите на Крива Паланка и околните села, црквата претсатвува католикон на истоимениот манастир кој се наоѓа на околу 5 километри оддалеченост од Крива Паланка, во пазувите на Осоговските Планини.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 20.05.2024 by kks.org.mk
Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Баргала, с. Радање, општина Карбинци
Античкиот градот Баргала се наоѓа во источниот дел на Р Македонија, во подножјето на планината Плачковица, на десниот брег од Козјачка Rека, на простор погоден за изградба на фортификација, кај некогашниот Горен Козјак во месноста Градот, на оддалеченост од 2.5 km јужно од денешното село Долен Козјак и на 13 km североисточно од градот Штип.
Името на градот Баргала за прв пат се среќава на еден пронајден натпис датиран од 371 година, откриен во месноста Ханче во атарот на село Карбинци.
Градот во периодот од III век бил на воениот логор – каструм до IV век кога од каструм преминува во цивитас, и кога станува главно епископско седиште по течението на реката Брегалница. Својот најголем развој го добива во втората половина на V век кога е периодот на големата обнова на Баргала. Градот егзистирал до почетокот на 7 век, кога градот Баргала бил запален и урнат од Аваро-Словенските напади.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 20.05.2024 by kks.org.mk
Виртуелна прошетка на црквата Св. Гаврил Лесновски, с. Лесново, општина Пробиштип
Светителскиот култ на пустиножителот Гаврил придонел Лесновскиот манастир да зајакне и да прерасне во голем духовен и книжевен центар. Лесновскиот скрипториум, за кој се препоставува дека со дејност започнал во втората половина од XI век, одиграл значајна улога во формирањето на македонската средновековна книжевност. Во XIII век форимирана е калиграфска школа која со засилена продукција во XIV век поттикнала обновување на манастирот. Четириесетина ракописи кои до средината на XIX век се наоѓаче во манстирската библиотека, денес се чуваат во библиотеките на Софија, Белград, Загреб, Москва и Санкт Петербург.
Дека денешната црква е подигната кон крајот на 1340 година по заложба на Јован Оливер, неговата жена Ана Марија и синот Крајко, кои владееле со Злетовската област за време на кралот Стефан Душан сведочи ктиторскиот натпис од надвратникот од западниот влез во наосот. Со анализа на ктиторската престава се претпоставува дека сликарството е завршено по добивањето на деспостка титула на Јован Оливер во 1346/47 година.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 20.05.2024 by kks.org.mk
Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Големо Градиште, с. Коњух, општина Кратово
Археолошкиот локалитет Големо Градиште се наоѓа во близина на Кратовското село Коњух. Познат е како редок пример на град подигнат кон крајот на 5 – почетокот на 6 век н.е., на територија на провинцијата Дарданија, во Источното Римско Царство. Распространет на висока и издолжена акропола, широка тераса на северното подножје на акрополата заградена со Крива Река, и потесен простор на јужното подножје на акрополата градот е пример на доцната фаза на римскиот урбанизам, со силно утврдување и значителен акцент на црковната архитектура. Планот на градот, тврдините и црквите истовремено претставуваат рана фаза на развојот на европскиот урбанизам и религиозното наследство. Својот најголем економски и градителски подем го имал во средината на VI век за време на императорот Јустинијан I.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 20.05.2024 by kks.org.mk
Виртуелна прошетка на црквата Св. Богородица Пречиста, с. Манастирско Доленци, општина Кичево
Се верува дека на оваа локација имало црква која била изградена во 1316 година но била запалена по доаѓањето на Османлиите. Во 1558 година изградена е нова црква која исто така била опожарена во 1824 и 1843 година. Денешната црквата посветена на Св. Богородица Пречиста е изградена во 1846-48 година од страна на игуменот Теодосиј.
Манастирот Св. Богородица Пречиста и манастирот Свети Ѓорѓија во село Кнежино, биле центри на ширењето на христијанската мисла во овој дел од Македонија.
Македонскиот револуционер Ѓорче Петров од својата посета на овој манастир покрај народните преданија за неговото осовнање, запишал и дека за историјата постоеле записи кои во манастирот се наоѓале во голем број, но како што кажувале манастирските старци, тие наеднаш со целата манастирска библиотека од рачно напишани црковни книги биле изгорени во фурна од полниот со адска злоба и фанатизам грчки дебарски митрополит Мелетиј во 1844/45 година.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 20.05.2024 by kks.org.mk
Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Стибера, с. Чепигово, општина Прилеп
Археолошкиот локалитет Бедем или античка Стибера се наоѓа 0,2 км јужно од село Чепигово.
Стибера била политички, економски и културен центар во областа Дериоп. Тој израснал во значајна градска населба со свои тела на управување и општествени јавни институции, Ефебија и Гимназион кои го креирале вкупниот економски, културен и политички живот на областа Дериоп и пошироко.
Својот процут градот го доживеал во римскиот период особено во I-II век од н.е. за време на династиите Антонини и Севери.
Животот во Стибера згаснал во втората половина на III век од н.е. одеднаш и насилно. Времето се совпаѓа со ограбувачките походи на Готите и Херулите кои во два наврати пустошеле во овие краишта (267/68 и 268/69 г. од н.е.). Во крајот на III и почетокот на IV век врз урнатините на градот се изградени скромни грдби, кои освен остатоци од огништа не се зачувани други градежни елемнти.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 20.05.2024 by kks.org.mk
Виртуелна прошетка на црквата Св. Атанасиј, с. Журче, општина Демир Хисар
Црквата посветена на Св. Aтанасиј била изградена и живописана во 1617 година во време на игуменот и јеромонах Јосиф, со ктиторство на Петко Велков од Битола. Во 1622 година кон западната страна бил дограден и живописан трем благодарение на залагањето на игуменот и jеромонах Венетик, како и на православните христијани.
Трем кој е дограден наврзо по изградбата на црквата е единствен во демирхисарскиот крај. Конаците биле изградени на почетокот на XIX век, во нив работела библиотека која истовремено се користела и како училиште. Од библиотеката е сочуван мал број на ракописи и книги.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 15.07.2024 by kks.org.mk
Виртуелна прошетка на Археолошкиот локалитетот Градок, село Манастир, општина Прилеп
Археолошкиот локалитетот Градок се наоѓа во атарот на селото Манастир-Мариово, на стратешка позиција над вливот на Лисичка во Црна Река на древниот пат кој врвел од Пелагонија, преку Црна река кон Повардарието.
Најстарите остатоци се од раната антика, во период од V век била изградена и најстарата црква, а се развива во периодот од IX до XIV век кога прераснува во најголем манстирски комплекс, но и во стопански и економски центар во Мариово.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 20.05.2024 by kks.org.mk
Виртуелна прошетка на црквата Св. Богородица Пречиста, с. Калишта, општина Струга
На брегот на Охридското езеро во природен карпест амбиент се наоѓа манастирот на Раѓањето на Пресвета Богородица познат како Калишки манастир. Манастирот го сочинуваат пештерската црква посветена на Раѓањето на Пресвета Богородица од XIV век, новата црква на Раѓањето на Пресвета Богородица обновена во 1977 година, црквата на Светите апостоли Петар и Павле изградена во 1990 година и параклис посветен на свети Теодор Тирон играден во 2002 година.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Последни новости
Категории