Локалитетот Маркови Кули се наоѓа 1,6 км источно од село Кожле и 1,2 км јужно од село Летевци, 3 км пред устието на Пчиња во Вардар. Претставува тесен и издаден карпест рид 70 метри над реката со стрмни страни во теснецот на Пчиња, околу кој реката врти во голем лак. Мало седло од источната страна го дели од повисоките планини каде што денес поминува автопатот од Скопје кон Велес.
Локалитетот преставува средновековно утврдување изградено врз постара доцноантичка населба. На оваа позиција во доцноантичко време бил изграден граничен кастел што ги контролирал античкиот магистрален пат кој ги поврзувал провинциите Македонија и Дарданија (Горна Мезија).
Градот Кожле е спомнат во српските црковни повелби од времето на Стефан Душан. Со него тогаш управувал кефалија, што значи дека бил кралска (државна) тврдина. Го контролирала Вардарскиот пат во теснините помеѓу Скопското и Велешкото Поле. До 1230 година кога Србите ги освоиле граничните византиски кастрони Велес, Чрешче, Штип и Просек, Кожле претставувал српска гранична стража и најистурена точка кон Византија.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 20.05.2024 by kks.org.mk
Виртуелна прошетка на црквата Св. Богородица Пречиста, с. Калишта, општина Струга
На брегот на Охридското езеро во природен карпест амбиент се наоѓа манастирот на Раѓањето на Пресвета Богородица познат како Калишки манастир. Манастирот го сочинуваат пештерската црква посветена на Раѓањето на Пресвета Богородица од XIV век, новата црква на Раѓањето на Пресвета Богородица обновена во 1977 година, црквата на Светите апостоли Петар и Павле изградена во 1990 година и параклис посветен на свети Теодор Тирон играден во 2002 година.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 20.05.2024 by kks.org.mk
Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Маркови Кули, општина Петровец
Локалитетот Маркови Кули се наоѓа 1,6 км источно од село Кожле и 1,2 км јужно од село Летевци, 3 км пред устието на Пчиња во Вардар. Претставува тесен и издаден карпест рид 70 метри над реката со стрмни страни во теснецот на Пчиња, околу кој реката врти во голем лак. Мало седло од источната страна го дели од повисоките планини каде што денес поминува автопатот од Скопје кон Велес.
Локалитетот преставува средновековно утврдување изградено врз постара доцноантичка населба. На оваа позиција во доцноантичко време бил изграден граничен кастел што ги контролирал античкиот магистрален пат кој ги поврзувал провинциите Македонија и Дарданија (Горна Мезија).
Градот Кожле е спомнат во српските црковни повелби од времето на Стефан Душан. Со него тогаш управувал кефалија, што значи дека бил кралска (државна) тврдина. Го контролирала Вардарскиот пат во теснините помеѓу Скопското и Велешкото Поле. До 1230 година кога Србите ги освоиле граничните византиски кастрони Велес, Чрешче, Штип и Просек, Кожле претставувал српска гранична стража и најистурена точка кон Византија.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 20.05.2024 by kks.org.mk
Виртуелна прошетка на црквата Св. Никола, с. Манастир, општина Прилеп
Црквата посветена на Св. Никола во село Манастир е изградена во 1266 година, најверојатно врз остатоци од постара градба, а била живописана во 1271 година. Сликарската декорација во црквата Св. Никола преставува најкарактеристичен аранжман создаден на територијата на Македонија во времето на византиската реституција.
Во внатрешноста на црквата се наоѓа и гробот на игоменот Акакаиј, ктиторот на црквата.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 20.05.2024 by kks.org.mk
Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Кале, општина Битола
Археолошкиот локалитет Кале, Битола, преставува средновековна населба која се наоѓа северозападно од Битола на рид со надморска височина од 894 метри кој доминира над околината.
На овој локалитет се наоѓаат остатоците од средоновековна црква која била изградена на почетокот на на XI век во слава на големата победа на македонскиот цар Самуил над војските на императорот Василиј Втори.
Според легендите на ова место по смртта на Самуил на 15 октомври 1014 година за цар бил крунисан неговиот син Гаврило Радомир.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 20.05.2024 by kks.org.mk
Виртуелна прошетка на црквата Св. Димитрија, с. Маркова Сушица, општина Студеничани
Црквата посветена на светиот воин и великомаченик Св. Димитрија се наоѓа во близина на селото Маркова Сушица.
Започната во 1345 година, а завршена по Маричката битка во 1376/77 година, со маркатни одлики на неговата архитектура и стилските карактеристи на неговото сликарство преставува ремек дело на крајот на византиската епоха.
Со специфично вообличена програмска концепција на сликарството и со жестокиот, драматичен и страстен ликовен израз, сликарството во Марковиот манастир ги одсликува траорните длабочини на историскиот амбис со експресивна сила на уметничкиот израз.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 20.05.2024 by kks.org.mk
Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Градиште – Антигонеа, Општина Неготино
Локалитетот се наоѓа на висок рид северно од Неготино, со стратешка позиција со поглед на долината на Вардар. На зарамнетото плато може да се видат остатоци од одбранбен wallид околу древната населба.
Населбата била населена уште во 5 век п.н.е. Најраната монета пронајдена на местото досега е тетробол од Акантус, датирана околу. 525–470 п.н.е. Досега се ископани хоризонти од четвртиот век, хеленистички и римски период. Постои хијатус во населбата помеѓу доцниот хеленистички и августовските периоди. Локалитетот бил напуштен во почетокот на 2 век од нашата ера. Веројатно во времето на Аркадиј (н.е. 383–408 н.е.), тој бил грубо зајакнат како прибежиште.
За археолошкиот локалитет Градиште се претпоставува дека можеби се работи за античкиот град Антигонеа.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 20.05.2024 by kks.org.mk
Виртуелна прошетка на црквата Св. Леонтиј, с. Водоча, општина Струмица
Комплексот цркви Св. Леонтиј се наоѓа во селото Водоча, оддалечено 4 км источно од Струмица. На локалитетот се откриени три цркви (источна,западна и средна) со три фази на живописување на ентериерите: трпезарија, стопански објекти, две бањи и повеќеслојна христијанска некропола со континуитет на погребувањеод XIV до XX век.
Како епископско седиште се споменува во еден хилендарски акт од 1376 година, во кој водочкиот епископ Данил и банскиот епископ Григориј, заедно со претставниците на световната власт, ги решавале споровите околу границите на хилендарските имоти во околината на Струмица.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 20.05.2024 by kks.org.mk
Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Маркови кули, с. Корешница, Општина Демир Капија
Археолошкиот локалитет Маркови Кули се наоѓа високо на левиот брег на реката Вардар на највисоката точка на Јуручки камен над влезот во клисурата и преставува една од најрепрезентативните раноантички утврдувања на територијата на Република Македонија. Археолошкиот локалитет е идентификуван како резиденција на пајонските кралеви од IV – III век, а можеби и порано во раниот V век.
Масивните бедеми се претпостава дека се подигнати во времето на владеењето на македоснкиот крал Архелај (419-339 гпне).
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 20.05.2024 by kks.org.mk
Виртуелна прошетка на црквата Св. Богородица Заумска, с. Трпејца, општина Охрид
Црквата Св. Богородица Заумска е изградена на брегот на Охридското езеро во 1361 година за време на владеењето на цар Урош.
Иако фрескоживописот е доста оштетен може да се заклучи дека зографите од Св. Богородица Замуска не припаѓале од редот на градските зографи, но ги познавале охридските традициите и тематските карактеристики, а ги пратат новините од Византискиото сликарство во XIV век.
Во 2015 година изградени се нови монашки конаци.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Last Updated: 20.05.2024 by kks.org.mk
Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Градиште, село Град, општина Делчево
Археолшкиот локалитет Градиште се наоѓа над селото Град на неговата западна страна. Најстарите остатоци потекунуваат од бакарното време (3.500 гпне), потоа од бронзеното време, хеленистичкиот и римскиот период, доцната антика и средниот век.
За археолошкиот локалитет Градиште се претпостава дека станува збор за античкиот град Армонија.
На локалитетот Градиште пронајдени се повеќе крстови од X-XII век, а најдоцнежниот потекнува од XVIII век.
Од турскиот попис од 1570 година е напишано дека станува збор за голема и организирана населба.
За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука
Последни новости
Категории