ул. Мирослав Крлежа бр. 51-2/4 1000 Скопје Република Македонија contact@kks.org.mk +389 (0)70 268 608

Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Градиште – Славков дол – Билазора, село Кнежје, општина Св. Николе

Археолошки локалитет Градиште – Славков дол или античката Билазора е еден од најзначајните локалитети во Република Македонија. Најстарите остатоци потекнуваат од железното врема, а за Билазора се препоставува дека била престолнина на античките пајонци во периодот од VII век прне до 279/88 гпне кога е срушена од страна на Келтите при нивниот продор на југ. Со слабеењето на моќта на Пајонците, Билазора најверојатно била завземена од страна на Дарданците, по што во 217 гпне Билазора била освоена од македонскиот крал Филип V. Последен пат Билазора се спонува во 168 гпне, кога Ливиј ја спомува единствено како географски поим.

Со археолошките истаражувања одкриени се четири фази на животот на градот. За време на првата фаза во период од VII-VI век пне. зачувани се многу мал дел од градбите кои биле градени од непечена тула врз темели од камен. Во втората фаза во периодот од V-IV впне изградена е кралската палата со придружните објекти. За време на третата фаза од IV впне до 279 гпне. обновени се дел од градбите од првата фаза. Во периодот од четвртата фаза од 279-168 гпне ја губи старата слава, градбите се скромни, изградени од камен и плитар покриени со керамиди и повеќе фигурирала како војнички гарнизон.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука

Виртуелна прошетка на црквата Јован Претеча, Манастир Продром, с. Слепче, Општина Демир Хисар

Манастирот Слепче е еден од најстарите и најпочитуваните духовни центри во Демир Хисар кој се верува дека постоел во крајот на XIV век, кога според еден запис, се претпоставува, дека тука во 1393/94 г., бил препишан еден триод на црковнословенски јазик. Од старите манастирски објекти останати се трпезаријата со остатоци на живопис која најверојатно потекнува од XVI век, дел од конаците, и маѓерницата до главната влезна порта.

Од пишаните документи, манастирот се спомнува во 1543 година, но тогашната црква не е зачувана, а денешната црква е изградена во 1862 година.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука

Виртуелна прошетка на црквата Св. Архангел Михаил, Берово

Црквата Св. Архангел Михаил е изграден во периодот од 1815 до 1818 година, а осветена е во 1818 година. Првите монашки келии биле изградени во 1840 година.

Според легендата Парохискиот свештеник, поп Пецо, бил задолжен да обезбеди дозвола за градба од Уќуматот што се наоѓал во Радовиш. Валијата дал дозвола за градба, но под многу тешки, речиси неостварливи услови. Имено, црквата да биде изградена ниско под нивото на патот и да не се гледа, градењето да заврши за четириесет дена, а поп Пецо, најмалата своја ќерка, Султана, да ја даде во харемот. Условите не ги обесхрабриле беровчани во нивната намера. Со голем труд и пожртвуваност на верниците црквата била изѕидана и покриена со камени плочи за четириесет дена. За да не биде забележлива, надворешниот ѕид бил премачкан со саѓи и со вар. Кога видел валијата дека црквата е изградена над земјата по истекувањето на рокот, многу се налутил, и наредил тројцата црковни настојници веднаш да бидат убиени пред црквата, а бидејќи Султана избегала во Ќустендил, поп Пецо бил затворен. Тој бил пуштен од затвор по три години, а неговата ќерка се вратила во Берово кога разбрала дека комитите го убиле валијата.

Со активностите на манастирот тесно се поврзани Разловечкото (1876) и Кресненското востание ( 1878) година.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука

Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Тетовско Кале – Балтепе, с. Лавце, општина Тетово

Тетовско Кале претставува фортификациска целина со девет кули и две монументални порти, Лавчанска и Тетовската порта. Калето почнал да го гради Реџеп-паша во 1796 година, а го завршил неговиот син Абдурахман Расим-паша. Од 1831 до 1843 година пашата живеел во сарајот што се наоѓал во тврдината на Балтепе. Изгледа дека токму подигањето на оваа извонредно моќна тврдина го вознемирила турскиот султан, кој решил да го отповика Абдурахман-паша заедно со неговите браќа (Хавзи-паша од Скопје и Хасан-паша од Ќустендил). По заминување на пашата во Цариград тврдината била разурната и ограбена.

За монументалноста и убавината на тетовското Кале современите патописци напишале:
„…од чешмата до бањите сè е изработено на супериорен начин, базените, сарајот и куќата на Абдурахман-паша. Гробовите каде се закопани евлиите… Иако многу про шетав, не видов поубава градба од таа на Абдураман-паша…, Големата порта… “
„Објектот обколен со два реда камења…, Во средишниот дел се наоѓа бунар и базен за вода…“.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука

Виртуелна прошетка на црквата Св. Никита, с. Горњани, општина Чучер Сандево

Иако нема пишани извори, познато е дека кралот Милутин околу 1300та година ја обновил црквата Св. Никита кај село Горњани, која наверојатно била изградена во XI или XII век, а фрескоживописот е дело на познатите византијски зографи Михаил и Евтихиј кои се потпишале на штитот на Св. Теодор Тирон.

По доаѓањето на турците во XIV век, црквата е напуштена и повторно возобновена во 1484та година кога дошло до обновување на живописот. Последни интервенции и на сликарството во црквата се направени во горните делови од страна на Дичо Зограф.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука

Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Исар, Штип

Тврдината Исар, средновековната населба и утврдениот средновековен град Штип, се наоѓа на доминантно возвишение помеѓу реките Брегалница и Отиња.

Средновековниот град Штип, како и другите градови тврдини се состоел од утврден дел – внатрешен град (фрурион) и надворешен (амборија).

Највисоките делови од возвишението на Исарот се опколени со зидни платна, кои ја следат конфигурацијата на теренот. Најутврдениот и најбезбедениот дел од тврдината се наоѓа на акрополниот дел.

Остатоците од бедемите најверојатно датираат од времето на македонската (Самоиловата) држава (969-1014) кога интензивно се утврдуват градовите и тврдините. Во тој период била изградена или, најверојатно, била доградена Штипската тврдината. Дека во времето на Самоил и неговите наследници Штип веќе израснал во голема градска населба зборуваат податоците и на Јован Скилица, кој го споменува градот во 1018 година, кога Василиј II бил пречекан од жителите на Штип (Стипеон) со молитви и химни.

На тврдината на Исарот се регистрирани доградби, фрагменти од керамички садови и делови од тегули – покривни керамиди карактеристични за доцната антика, кои укажуваат дека на овој, поширок простор, постоел и постар доцноантички рефугиум.

Под османлиска власт, поедини нејзини делови повторно се обновени. На влезната партија од тврдината, која најмногу страдала, при нејзината обнова е вградена мермерна плоча со арапско писмо. Во средината на XVII век турскиот патеписец Евлија Челебија ќе запише:
„ Штип е кадилак со тврдина на ридот што ја чува стража”. Во градот имало: џамии, амами, голем караван-сарај и мала река.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука

Виртуелна прошетка на црквата Св. Ѓорѓи, Полошки манастир с. Праведник, Општина Кавадарци

Најстарите пишани извори го споменуваат постоењето на црквата Св. Ѓорѓи во 1340 година, а со откривањето на ктиторската композиција познато е дека црквата ја изградил деспотот Јован Драгушин и неговата мајка Марија.

Црквата е живопиасана помеѓу 1343 и 1345 година од страна на двајца непознати зографи кои го негуваат класицизмот и монументалноста на облиците со богат но смирен колорит.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука

Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Исар кај село Марвинци, Општина Валандово

Археолошкиот локалитет Исар кај село Марвинци, е еден од најзначајните археолошки локалитети од античкиот период во Македонија.

Најстарите наоди кои потекнуваат од доцното бронзено време (1200 г.пне). Во железното време активно се живеело за што сведочат гробовите од некрополата на Лисичин дол кадешто е пронајден гробот на познатата свештеничка од Лисичин дол. Со археолошките истражувања е утврдено дека животот продолжил да се развива и во раноантичкиот и хеленистичкиот период, а се живеело до доцната антика или во континуитет повеќе од 1500 години.

Сеуште со сигурност не може да се потврди точното име на градот, по пронајдениот стадион-патоказ на кој го пишува растојанито помеѓу Добер и Идомене кое било 20 стадии или 3,5 километри,па се претпоставува дека археолошкиот локалитет Исар е еден од овие два познати антички градови..

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука

Виртуелна прошетка на црквата Св. Ѓорѓи во с. Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане

Според легендите ктитор на постарата црква е Роман IV Диоген, кој околу 1070 година ја подигнал црквата посветена на свети Прохор Пчински, за која се претпоставува дека во основа била базилика со централна купола.

Натписот над влезот на црквата ни кажува дека во 1312/13 црквата повторно ја изградил кралот Милутин, а фрескоживописот се дело на Михаило и Евтихиј, едни најпознатите византиски зографи од крајот на XIII и почетокот на XIV.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука

Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Девини Кули с. Девич, Општина Македонски Брод

Локалитетот претставува утврдување од доцноантичко време и среден век. Во доцната антика бил изграден ѕид со малтер, чиишто остатоци наместа се гледаат под средновековниот ѕид. Пронајдени се хеленистичка, римска и доцноантичка керамика, хеленистички, римски монети и големо количество на згура заклучно со VI век.

Според легендите, Крали Марко имал четири сестри, Дева, Пеша, Кита и Ѕвезда. Овој град-тврдина го дала на управување на најстарата и според легендата најубавата сестра Дева. Според една од легендите по смртта на Крали Марко, Дева се удавила во надојдените води на реката Треска, а жителите на градот кои ја обожавале својата владетелка ја баралр довикувајќи Дево, Девице…. Одтука тврдината го добила името Девини Кули, а селото го добило своето име Девич.

За да ја погледнете виртуелната прошетка на цел екран притиснете тука