Црквата Св. Ѓорѓи Победоносец најверојатно е изградена е за време на владеењето на деспотот Стефан Лазаревиќ во почетокот на XV век, односно во 1407/08 година на темелите на постара црква…
Црквата била изградена во периодот од 1365-67-та г. од страна на Јаков, игумен на во црквата Св. Пантелејмон, Климентовиот манастир на Плаошник. Првобитната црквата била еднокорабна, градена од каман, тула и малтер, триесетина години подоцна била дограден трен од западната ѕидан од кршен камен и малтер, а во XIX век доградена е и тремот од јужната страна.
Црквата посветена на Свети Јован Богослов Канео, една од најпознатите цркви во Охрид и Македонија, се наоѓа на зарамнето плато на карпестиот рид над плажата Канео на крајот од стариот дел на градот.
Иако не е сочуван ниту еден податок со што би можело да се утврди времето на градбата и фрескоживописот, но врз основа на архитектонските и иконогравските одлики црквата може да се датира кон крајот на XIII век…
Според преданијата црквата била подигната во времето на Крале Марко, но најверојатно црквата била изградена во втората половина на XIV век во периодот помеѓу Маричката (1371) и Косовската битка (1389).
Црквата посветена на старозаветниот пророк св. Илија претставува мала еднокорабна градба. Постарата црква е градена од камен, а при обновата на црквата користени се обработени камења и тули.
На 3 километри од магистралниот пат што води од Куманово до Крива Паланка, високо во селото Псача, Општина Ранковце, по асфалтиран пат кој води до живописната дабова и багремова шума сместена е црквата посветена на Свети Никола чудотворец.
Историските податоци се оскудни, но се смета дека е изградена во 1354 година. Како нејзини ктитори се спомнуваат севастократот Влатко и неговиот татко, кнезот Пасхач. Во една повелба од 25 март 1358 година се спомнува приложувањето на црквата кон манастирот Хиландар од страна на властелинот Влатко.
За црквата посветена на Св. Богородица Елеуса (Милостива), нејзината историја, имотно-правните односи, феудалниот статус и богатството на манастирската ризница, дознаваме од податоци зачувани во светогорскиот манастир Ивирон, чиј метох Богородичината црква во Велјуса станала во XIII век.
Од камените надвратници кои биле поставени на над двата влеза на црквата прецизно се утврдува дека градбата била завршена во 1080 година под будното око на духовникот Мануил, предходно епископ во Тивериопол, кој во своите монашки денови ја изградил Богородичната црква, чија гробница се наоѓа во нартексот на црквата.
Според преданијата манастирот го подигнал српскиот крал Милутин во 1284 година, бил запален од страна на османлиите, најверојатно во 1689 година, а повторно бил изграден во средината на XIX век, односно во 1846 година. При конзерваторски работи утврдено… Read More
Средновековна селска црква која се наоѓа во атарот на штипското село Радање претставува една од најстарите цркви во Македонија, а најстарата црква во штипскиот регион и која во целост е сочувана. Црквата се наоѓа 15 километри североисточно од… Read More
Last Updated: 02.07.2024 by kks.org.mk
Виртуелна прошетка на манастирот Успение на Пресвета Богородица, Матка
Време на возобновување на црквата не е познато, ниту пак ктиторот. Се претпоставуваат дека црквата е изградена околу 1337 година од Бојко, син на непознатата властелинка Даница, а врз основа на спомнатиот натпис во црквата свети Никола во Љуботен каде се вели дека во овој период Бојко бил господар на Матка…